Кардиоинтервенции во ПЗУ Филип Втори и Систина

Почитувани колеги,

Во делот Превземања, можете да ги најдете 14-те ДСГ кардио интервенции кои се спроведуваат во ПЗУ Филип Втори и ПЗУ Систина со пропишани референтни цени.

Истите можат да се превземат и од следниот линк:

Соопштение 17.06.2010

Истите би биле од корист за лекарите при издавањето на упат за ваков вид интервенции. Нормално, за да се даде упат, треба да има индикации кои укажуваат на неопходноста од таков вид на интервенција.

Таквите индикации треба да се евидентираат во картонот на осигуреникот како и извештаите кои упатуваат на потребата од интервенцијата која е на товар на ФЗОМ. Неопходните испитувања можат да се вршат на товар на ФЗОМ во клиниката за кардиологија, додека кај ПЗУ Филип Втори и Систина, истите се прават приватно и без упат.

Понекогаш, пациентите прават пресија врз лекарот дека имаат закажано за операција, но без упат тоа не може да се прави, освен ако е итен случај задржан на болнички престој и операција кога упатот може да се издаде и ден после приемот.

Според тоа, за да се издаде упатот, осигуреникот до лекарот треба да достави соодветна документација – наод од кој ќе се види потребата за кардиоинтервенција определена според ДСГ која е на товар на ФЗОМ, во спротивно нема индикации.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари