Информации од Еуролинк за осигурување од професионална одговорност

Почитувани колеги,

Во контекст на договорената соработка помеѓу ЗПЛРМ и Еуролинк и обезбедените попусти за осигурување на ординациите во продолжение следуваат новите информации.

Новите законски прописи пропишуваат задолжително осигурување од одговорност за здравствените работници кои се законски обврзани да обезбедат осигурителна полиса од професионална одговорност.

Еуролинк Осигурување, како компанија која континуирано е во чекор со новите осигурителни трендови претстави привлечна понуда во согласност со најсовремени стандарди за осигурување од одговорност по конкурентни услови и премии.

Понудата вклучува, помеѓу другото, по мошне поволни цени склучување и осигурување од општа одговорност и осигурување од несреќен случај (незгода) на вработените. Веруваме дека овие пакети ќе придонесат за унапредување на квалитетот на вашите услуги.

Осигурувањето од општа и професионална одговорност е само дел од богатата понуда на полиси за осигурување од Еуролинк. Компанијата нуди и поволни пакети на други осигурувања – патничко осигурување, имотно осигурување и автоосигурување.

За подетални информации, јавете се на телефонските броеви 02 3289 318, 070 344 047, или на e-mail: n.georgieva@eurolink.com.mk

На следните линкови можете да ги симнете понудите кои што треба да се испринтаат, потполнат, печатираат и потпишат. Исто така, даден е и пример за тоа како треба да се потполни уплатницата.

Ponuda nezgoda 2012

Ponuda za opsta odgovornost 2012

Ponuda za profesionalna odgovornost 2012

Uplatnica 2012

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари