Масовно вакцинирање од морбили – Канал 5 15.04.2011
На пунктовите за вакцинирање, се слуша плачот на бебињата,се вакцинира населението во целата држава од заразните морбили.Во кумановска населба ,,Средорек ,, се повикуваше ромското население.
„Таа сама се породи дома па го пријавивме бебето после 6 месеци ,немаме ништо ни картон ништо,децата ќе ги вакцинираме а и ние ако треба ќе се вакцинираме“- велат жители на ромската населба ,,Средорек,,.
Најголем проблем е ромското население ,немаат навика да ги носат децата на вакцина ,и кога треба да дојдат да се вакцинираат по редовен термин не водат сметка за тоа и ги пропуштаат вакцините вели д-р Миодраг Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Во скопскиот пункт Бит Пазар родителите редовно ги носат децата на вакцина.
„Дојдов со внукот да го вакцинирам ,слушнав од телевизија,еве сум со бебето да го прегледа докторката и таа како ќе одлучи ако го вакцинира добро ама многу е мал има само 4 месеци“ вели скопјанец.
Има доста голем број на родители што ги носат децата за вакцинирање,дури и тие што по телефон одбија да ја примат вакцината бидејќи децата им се помали од 13 месеци гледаме дека се предомислуваат и ги вакцинираат – објаснува д-р Гена Марковска од поликлиниката ,,Јане Сандански,,.
Матичните лекари мора 24 часа да дежураат за потребите на пациентите,ситните сипаници се опасни, животно загрозувачки.
Матичните лекари треба да се во постојан контакт со пациентите ,ако луѓето забележат зголемена телесна температура после 72 часа осип во телото да не излегуваат и да не се мешаат со останатите луѓе. Веднаш да се јават кај својот матичен лекар но по телефон за да се избегне контакт со другите лица. Доколку има комликации тогаш веднаш да се оди на инфективните клиники, вели д-р Лили Чолакова, претседател на Здружението на матични лекари.
Здравствените установи се со посебни влезови и чекални за болните од морбили ,здравствената инспекција секојдневно ги проверува картоните и се повикува населението за вакцинирање.
Денешната бројка е 714 заразени ,досега 15 000 илјади се вакцинирани од ситни сипаници.
Мирјана Поповска