МЗ:Постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установи

На денешниот работен состанок одржан во Министерството за здравство, помеѓу директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи Мерал Исмаили, претставникот Лирим Исахи и заменик министерот за здравство Доц. д-р Владимир Рендевски, на кој учествуваше и директорката на Државниот санитарен и државен инспекторат д-р Ирина Бухова, е постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установи.

Ова решение беше резултат на согледувањето на актуелната економска криза во екот на Ковид пандемијата, како и се поголемите сметки за електрична енергија што во последните месеци ги плаќаат здравствените установи.

На состанокот исто така беше констатирана важноста на процесот за имплементирање на акредитацијата на установите во здравството, со крајна цел подигнување на нивото на здравствените стандарди и пружање на поквалитетни здравствени услуги.

Од Министерството за здравство исто така соопштуваат дека првиот работен состанок со приватните лекари, стоматолози и гинеколози е закажан за петок 25.02. во 14:30 часот.

Работните групи ќе ги води Заменик министерот Владимир Рендевски, претставниците од 3-те сегменти на приватните здравствени установи, претставник од Фондот за здравствено осигурување и претставник од Лекарската комора на Република Македонија. Дополнително во работниот процес ќе бидат вклучувани и други експертски тимови.

Министерство за здравство

МЗ:Постигнат договор за намалување на цената за акредитација на приватните здравствени установи – Канал 5 (kanal5.com.mk)

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари