Понуда за ЗПЛРМ – Бесплатни принтери на користење
Почитувани колеги,
ЗПЛРМ, во соработка со фирмата САМ ПЛУС ДООЕЛ, обезбеди БЕСПЛАТНО доделување на 50 принтери на користење кај Лекари-членови на нашето здружение. Бројот на притерите е ограничен и заради зачувување на редоследот и отстранување на сите сомнежи за начинот на поделба, заинтересираните лекари-ординации е потребно да испратат СМС порака на телефонот 075 600 106 со содржина “за принтер”.
Потоа редоследно ќе бидат контактирани за договарање на деталите и начините на евентуалната реализација.
Условите се: За сума од 7000 денари со ДДВ , добивате:
• 10 нови, компатибилни тонери.
(тонерите НЕ СЕ “тендер” тонери кои се продаваат насекаде, туку ПРЕМИУМ тонери)
• гратис принтер на користење.
• плаќањето е на 3 рати до 60 дена.
Се работи за проверени и квалитетни модели на принтери:
HP1018 или Canon LBP 2900 (Најдобрите принтери на сите времиња)
HP P1005, HP P1102, Canon3010, Canon 6000… други модели.
Принтерите имаат доживотна гаранција и бесплатен сервис за сите дефекти, освен овие 3:
1.Струен удар, прегорена електронска полчка.
2.Замена на фолија или силиконски ваљак. (механичко оштетување, предизвикано од, спајалица, мина од хефталица,мех.оштет.)
3.Скрешеници од пад или груби механички оштетувања.
Сервисот на еден од овие дефекти ќе чини 1300 денари +ДДВ.
Во секое време, кога принтерот е на сервис или дефект добивате друг принтер на користење.
За ординацијата со лабораторија, има дополнителни поволности – по договор.
За секоја наредна нарачка-во иднина, цените за тонерите се:
Компатибилен тонер 700 денари со ДДВ.
Полнети тонери 550 денари со ДДВ.
Набавката на тонери е со минимална количина 10 парчиња, со бесплатна достава. Плаќањто е на 60 дена. Минимална количина на тонери кои треба да се потрошат на годишно ниво е 15 парчиња.
Меѓу другото после 1 година од соработката, па понатаму ординацијата добива:
• Може да побара неограничен број на принтери (со консензус од наша страна).
• Условите за сервисис на добиените принтери, ќе важат и за личните принтери кои ги поседува лекарот-ординацијата-поликлиниката (доколку се од истите марки и модели).
Она што НИЕ имавме да го кажеме, го напишавме,
Доколку времето што Вам Ви го потрошивме беше без причина, ИСКРЕНО Ви се извинуваме, а во спортино, ќе ни биде чест и задоволство, доколку овие неколку минути се претворат во долготрајна соработка за Ваше и Наше добро.
Со почит, Ви посакуваме пријатни работни денови.