23 години постоење на ЗПЛРМ

Што значи ЗПЛРМ?

ЗПЛРМ е Здружение на приватни лекари во РМ.

Создадено е во далечната 1992 година со почетоците на приватизацијата на здравството, кога уште не постоеше ЛКМ.

Првите амбуланти се отворија во мај 1992 година. Прва од сите беше амбулантата на Др Благој Јорданов интернист од Велес. Токму тој беше поставен за прв Претседател на ЗПЛРМ.

Основачи на ова здружение се следните доктори:

Др Благој Јорданов – Велес
Др Андон Кочев – Радовиш
Др Стојан Маролов – Штип
Др Лилија Чолакова Дервишова – Велес
Др Флорентина Ристеска Шурбеска – Велес
Др Милчо Трајков – Велес
Др Марица Ѓоргоска – Демир Капија
Др Мијалче Андонов – Пробиштип
Др Ванчо Органџиски – Штип
Др Панче Арсов – Велес

Адвокат на ЗПЛРМ – човекот кој го напиша првиот Статут на ЗПЛРМ–Драган Чолаков-татко на Лилија Чолакова Дервишова.

Првите состаноци на овие пионери почнаа да се одржуваат со првите проблеми кои се појавија во приватното здравство. Каснење на исплата од страна на ФЗОМ, контроли и записници од ФЗОМ. Игнорирање од колегите од јавно здравство, неприфаќање и кинење упати, шиканирање на пациенти кои оделе на приватен доктор. Непризнавања на боледувања издадени од приватни доктори кои имаат договор со ФЗОМ. Така да заедничките проблеми на овие доктори ги приморуваат да се здружат и да делуваат преку правно регистрирано здружение, бидејќи ЛКМ е формирана дури следниот месец, на 05.06.1992 година.

Првото седиште на ЗПЛРМ е во Велес.

Како поминуваат месеците, бројот на новоотворени ординации секојдневно растеше. Начинот на плаќање беше по учинок. Имавме минутажа од 480 мин и од ден се добиваше по 4800 ден. Тоа беше максималната сума. Постоеше партиципација од 40 денари од влез кај матичен доктор. Имаше и ослободени категории кои не плаќаа партиципација.

Состаноци на Управниот одбор на ЗПЛРМ се држеа секој месец.

Следен Претседател на ЗПЛРМ беше Др Миодраг Милутиновиќ од Скопје – психијатар. Со тоа се направи пререгистрација и седиштето на ЗПЛРМ се префрли во Скопје.

Во 2001 година се случува промена на начин на плаќање на примарното здравство и почнува систем на капитација.Без партиципација.

Сите претседатели на ЗПЛРМ секогаш биле и членови на Извршниот одбор на ЛКМ, т.е. Потпретседатели на ЛКМ. Па така и постоела тесна врска помеѓу овие две еснафски здруженија.
Барањата од членството на ЗПЛРМ секогаш биле проследувани до здравствените власти – МЗ и ФЗОМ.

Трет по ред Претседател на ЗПЛРМ е Др Јордан Наумовски Бато од Куманово-физијатар. После него следен Претседател е Др Стоје Стојмановски од Куманово.

Во тој период преку ЗПЛРМ во договор со ФЗОМ се поделија ЕКГ на секој доктор. Матичните прво си ги платија, па ФЗОМ рефундираше пари назад. Секоја ординација си одреди преку која софтверска куќа ќе користи софтвер во својата амбуланта.

Во периодот од 2006/2007 настанува и приватизација на примарното здравство, па така бројката на приватни доктори се дуплира и здружението добива на сила.

До тогаш колегите добиваа 100% капитација. А во 2007 година се воведоа превентивни цели и плаќање на 70% со три пати по 30 % капитација. Потоа следуваше намалување на бодот кај матичните лекари од 50 на 45 денари.

На 06.06.2010 година Управниот одбор одлучува нов Претседател на ЗПЛРМ да биде Др Лилија Чолакова Дервишова од Велес, која е и еден од основачите на ЗПЛРМ.

Таа на денот на својот избор елаборираше своја програма за работа на ЗПЛРМ со неколку клучни моменти:

Потребата од веб сајт на ЗПЛРМ, преку кој ќе се информира големото членство.

Потребата од координатори од секој град, кои ќе ги пренесуваат информациите во два правци до Управниот одбор.

Воспоставување на подобри и поблиски контакти со ФЗОМ и МЗ.

Барање на електронско здравство.

Медиумски настапи за промоција на проблемите на приватните доктори.

Подобрување на статусот на докторите.

Намалување на казнената политика.

Враќање на намалениот бод.

Бодот се врати на 06.04.2011 година – од 45 ден пак на 50 ден.

Во периодот од 2010 година до 2014 година координаторите на ЗПЛРМ ги поддржуваат сите реформи во здравството и активно учествуваат.

Поделба на читачи за електронски картици, промена на начин на упатување. Бројни работилници со ФЗОМ на кои лично учествувала и Директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова – со нејзиниот менаџерски тим.

ЗПЛРМ побара да се направи централна база на податоци во РМ. ФЗОМ реализираше.
ЗПЛРМ побара електронски да ги пријавуваме пациентите и да не носиме повеќе ИЛ обрасци по фондовите , ФЗОМ реализираше. ЗПЛРМ побара електронски фактури, ФЗОМ прифати. ЗПЛРМ побара враќање на 100 % исплата на капитација. ФЗОМ прифати.

Заради исполнување на сите погоре активности, Др Лилија Чолакова Дервишова е реизбрана за Претседател на ЗПЛРМ од Управниот одбор на ден 20.11.2014 година со уште еден мандат од четири години.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари