Соопштение бр.8
На ден 27.07.2010, одржан е втор состанок со Директорката Маја Парнаџиева Змејковска.
Разговарано е за тоа дека сегашниот режим на препишување на лекови е проблем и за докторите и за пациентите. Во Источна Македонија фалат специјалисти, додека во цела Македонија, субспецијалисти има само на Клиника.
Побарано е да се забрза промената на ваквиот режим.
Уште во шести месец беше испратено писмо и до Фондот и до Министерот. Од страна на Директорката беше соопштено дека Фондот се согласува со нашите барања и дека се чека на Министерството.
Фондот бара мислење за промена на процедура за ИЛ образец.
Барање за можни замени секојдневни и во исклучителни моменти. Од страна на приватниот сектор се бара секој да има по две замени. Една е секојдневна, но се случува да мора да се оди на едукација или еден доктор да биде замена на двајца колеги од две различни села. Или оние кои се сами во исто време да одлучат да одат на одмор па трет колега да им ги прифати пациентите.