Соопштение бр.2
По повод написите во дневна штампа да за јавното здравство се набавени 1 700 компјутери за ИЗИС.
Претседателот на ЗПЛРМ, Д-р. Лилија Чолакова Дервишова направи реакција пред медиумите. Ставот на ЗПЛРМ е да ако тоа е проект на Министерство, истото тоа треба да набави компјутери и за приватниот сектор.
Не е во ред при намален капитационен бод да се изложуваат колегите на трошоци, бидејќи сите во моментот имаат компјутер кој што функционира. Сега, ќе мора да имаат уште по еден компјутер во мрежа со претходниот.
Во соседството, Министерството им набавило компјутери на сите доктори за ист ваков проект.