Од денеска електронски рецепт

Електронскиот рецепт стартуваше со технички проблеми. Системот паѓаше во неколку наврати. Споро одеше пропишувањето на терапијата. Тоа ствараше гужва пред ординациите на матичните лекари. Некои пациенти денеска не можеа да добијат терапија.

-Поради ова утринава неколку пациенти,дијабетичари останаа без терапија, поради ова бараме како здружение на приватни лекари да нима период на адаптација, вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Секој Електронски рецепт има посебно бројче, според кое во аптека се издава пропишаната терапија. Во ова е разликата од досегашниот печатен рецепт.

-Аптекарот ја издава терапијата според тоа бројче, вели д-р Христина Лескаровска, матичен лекар.

Надлежните од министерството за здравство уверуваат дека за брзо време се ќе се среди. За секоја новина било потребно време. Се работело на поправка и заштита на системот.

Паѓал поради преголема посетеност. Во исто време имало и до 400.000 посети. Што од аптеки што од матични лекари. Нивни екипи веднаш биле излезени на терен за да ги увидат и отстранат недостатоците.

Александар Динев

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари