Приватни специјалисти без конкурс ќе се вработуваат во јавното здравство

Лекари-специјалисти што работат во приватното здравство без конкурс и само со преземање ќе може да се вработуваат во јавното здравство. Ова е една од новините што се предвидуваат со измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, што се во собраниска процедура.

Здружението на приватни лекари на Македонија вчера ги поздрави дел од измените на законот. Истовремено побара дел од „колачот“ што се слева од акцизите при продажбата на алкохолни пијалаци и цигари да се слева во Фондот за здравство и тоа 50 отсто, како што е сега, а не целосно да оди само во Министерството за здравство, како што е новиот предлог.

– За да се одржи финансиска стабилност на Фондот за здравство, бараме половина од приходите што се добиваат по основа на акцизи од алкохолни пијалаци и цигари да се слеваат во фондовската здравствена каса, а не да одат целосно во Министерството за здравство. Што се однесува до постапката за вработување приватни лекари, добро е што истата сега се поедноставува, зашто во изминативе 20 години не се водело сметка за тоа. Има места каде што граѓаните мора да патуваат и по 100 километри за да добијат здравствена услуга од некои специјалисти, особено во Источна Македонија, во Делчево, на пример, каде нема уролози, гинеколози, дерматолози, микробиолози и други – нагласи д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението.

Наместо конкурс, за вработување на овие специјалисти ќе треба да има само согласност за преземање од Министерството и Фондот за здравство, како и од директорот на ЈЗУ, како што досега се практикуваше при преминување на лекарите од една во друга јавна здравствена установа. (Љ.Б.)

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари