Соопштение бр.1

На ден 06.06.2010 во просториите на Даре Џамбаз се одржа годишното собрание на ЗПЛРМ на кое требаше да се избере нов претседател на здружението. Од Управниот одбор како единствен предложен кандидат беше предложена Д-р. Лилија Чолакова Дервишова од Велес. Предлогот беше едногласно прифатен од сите присутни делегати.

Потоа, новиот претседател даде свое експозе за своите планови и правци во кои би го придвижил здружението. Како прво, им се претстави и објасни дека таа е еден од основачите на здружението кога во републиа Македонија беа само десет приватни ординации. Апелираше на единство во здружението, да нема поделби меѓу примарно и секундарно здравство и затоа ќе направи пререгистрација на здружението во која ќе се избере и потпретседател за секундарно здравство.

Го предложи колегата Д-р. Влатко Симоновски, интернист од Кавадарци. За потпретседател за примарно здравство предложен е Д-р. Мевледин Куч од Скопје.

Друга промена која планира да ја направи е да ова здружение има и портпарол и адвокат. Трето, активирање на страницата на ЗПЛРМ, за да можат колегите да се информираат за што се работи. Четврто, доближување до базата за да се информира управниот одбор за проблемите на колегите и изворно да ги информира Фондот за здравство и Министерството за здравство. Потоа, кажа кои теми планира да се водат со Министерот за здравство.

1.      Промена на ставот кон приватното здравство. Во овој ресор постојат многу квалитетни ординации од секундарно и примарно ниво. Но, за да се одржи квалитетот, истиот треба да е соодветно награден.

2. Основен пакет на услуги

3. Покачување на бодот

4. Партиципација

5. Превенцијата да си ја превземат домовите за јавно здравје

6. Исплата на докторите 100% за прегледи

Проблеми за кои би се разговарало со Фондот: Во новите договори да нема член за раскинување на договорите. Да се промени членот во кој после 21 ден боледување, ви се бришат пациентите ако не најдете замена. Централна база на пациенти, т.е. да може секој доктор да си пријавува и одјавува од својот град.

Се дискутираше и за тоа дека во Македонија за иста капитација, едни доктори дежураат а други не. Мора да постои еднаквост. Цената на капитацијата мора да се зголеми и да го следи трендот на поскапување. За следните договори, мора цената на бодот да стои во договорот.

Како завршна мисла беше наведено дека сака во Македонија да има и задоволни доктори, а не само задоволни пациенти.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари