Дистрибуција на Прирачникот – Упатства за практикување медицина заснована на докази подготвен преку Проектот за управување со здравствениот сектор
Почитувани,
Како што Ви е познато,Министерството за здравство на 19 декември го промовираше Прирачникот “Упатства за практикување медицина заснована на докази” подготвен и отпечатен со средства од Проектот за управување со здравствениот сектор,кој Министерството за здравство го спроведува преку Проектната единица за координација со средства од Заемот од Светска банка.
Со процесот на подготовка на Упатствата раководеше Проектната единица за координација во соработка со Лекарската комора на Македонија и Македонското лекарско друштво. Заедно со Работната група назначена за имплементација на Упатствата, врз база на утврдени критериуми се селектираа девет приоритетни области во кои се подготвени следниве Упатства:
1. Упатство за антенатална грижа
2. Упатство за хронична коронарна артериска болест
3. Упатство за хронична срцева слабост (ХСС)
4. Упатство за терапија на хронична бубрежна болест
5. Упатство за лекување на инфекциите на уринарниот тракт
6. Упатство за церебрален инфаркт (исхемичен мозочен удар)
7. Упатство за биполарно (манично-депресивно) растројство
8. Упатство за скрининг на колоректален карцинопм
9. Упатство за вирусни хепатитиси
Ве известувам дека Проектната единица за координација ја започнува дистрибуцијата на Прирачникот “Упатства за практикување медицина заснована на докази” наменет за:
1. избраните лекари кои работат во Примарната здравствена заштита,
2. избраните гинеколози,
3. специјалистите во приватните специјалистичко-консултативните ординации кои имаат договор со ФЗОМ,
4. специјалистите од болниците, клиниките и здравствените домови (но за нив се организира дистрибуција преку Директорите на установите)
• Избраните лекари можат да дојдат во просториите на Проектната единица за координација од 9 – 16 часот секој работен ден да подигнат по 1 (еден) прирачник при што мора да покажат документ за идентификација и да се потпишат во списокот кој го превземавме од ФЗОМ, за да осигуриме дека поради лимитираниот број прирачниците ќе стигнат до сите лекари на кои се наменети.
• Исто така ќе овозможиме еден избран лекар, избран гинеколог или носител на дејност во приватна специјалистичка ординација кој има договор со ФЗОМ да може да подигне повеќе прирачници и за други колеги од Скопје или од другите градови во Македонија, но затоа треба да донесе:
1. документ – официјално писмо на кое мора да има датум со потпис и факсимил од колегата/ите дека е овластен во негово/нивно име да подигне прирачник.
2. Документот останува во архивата на Проектната единица за координација
3. Се обврзува прирачникот да го однесе на колегата во чие име го подигнал
Напоменуваме дека дистрибуцијата на одреден број на прирачници се планира и до специјалистите кои работат во Јавните здравствени установи: Општите болници, Здравствените домови и Клиниките. Но дистрибуцијата до ЈЗУ ќе се организира преку Директорите на установите.
Во Проектната единица за координација ќе ги контактирате Љупчо и Тања телефон Тел: (02) 3125 310.
Коментари (1)
jas veke go zemav i ne mozam da kazam da mnogu mi koristi, od sedum lekovi dadeni kako preporaka za cistit pet se nedostapni vo makedonija. Praveno e za maticni lekari a za infekcii kaj deca nema nisto stavovi. Ova e samo da se pokazat tie sto go pisuvale, korist neznam dali ke imame