Соопштение од здружението на вонболнички гинеколози

Од Здружение на вонболнички гинеколози

СООПШТЕНИЕ
До нашите пациенти, колеги
и Министерот за здравство

Во врска со се позачестените изјави во медиумите за работата и компетентноста на вонболничките или матичните гинеколози, изнесени во повеке наврати од страна на Министерството за здравство, Гинеколошко акушерската Клиника во Скопје, како и независни ставови на медиумите, Здруженито на вонболнички гинеколози, сака да го изрази својот револт и несогласување, бидејки ваквите изјави и ставови се директен атак врз нивниот углед и кредибилитет кај нивните пациенти.

Здружението ги поддржува и сесрдно ја нуди својата соработка на заложбите на Министерството за здравство во воведување на антенаталните протоколи заради адекватана и сеопфатна грижа на ионака највулнерабилната популација, трудниците и новородените.

Меѓутоа, ги сметаме на неаргументирани, паушални и штетни нападите за нашата стручност и компетентност, кои се пласираат од страна на Министерството и Гинеколошката клиника, во јавноста. Спремни сме за средба , усогласување на ставовите и аргументирана расправа за сите отворени прашања со министерот и сите структури кои ја оцрнуваат нашата професија. Очекуваме заедничка заложба за надминување на проблемите помеѓу Министерството за здравство, вонболничките гинеколози, и отуѓениот центар на моќ, Фондот за здравствено осигурување.

Чувствуваме дисонантност помеѓу ФЗО и министерството во остварување на заложбите на министерството при креирањето на здравствената политика кај жените, во случајов, воведувањето на антенаталните протоколи, во што министерството кај нас ја има сета подршка.

Како заклучок, состојбата во вонболничката гинекологија во државата е одраз на севкупните состојби во здравството, ни подобра ни полоша. Вулнерабилноста на популацијата со која ние работиме, трудници и новородени, ги чини работите посензитивни, а Министерството за здравство, ГАК па и медиумите со своите изјави и написи само ја влошуваат состојбата, и го рушат мачно стекнатиот углед и кредибилитет кај нашите пациенти.

Со почит, Здружение на вонболнички гинеколози

Скопје 14.12.2010

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари