Допис до лекарска комора

До: Лекарска комора
Стоматолошка комора
Здружение на приватни лекари
Дата: 15.12.2010

Предмет: Известување

Согласно претходно доставената Процедура за прием и обработка на Ил обрасци која требаше да се применува од 15.12.2010 година, неопходно е да Ве известиме дека почетната дата за примена на процедурата се одложува за краток период.

Причината за поместувањето на стартната дата е незавршувањето на техничките измени и дополнувања кои треба да се реализираат од страна на секторот информатика на ФЗОМ. Покрај добро осмислената Процедура од наша страна и Вашето целосно ангажирање и подготовка, овие технички измени се неопходни за заокружување на оваа целина и воопшто практична примена на процедурата.

Од тие причини Ве информираме дека веднаш по завршувањето на зададените задачи од страна на Секторот информатика, со дополнителен допис ке бидете информирани за датумот на стартување на примената на оваа процедура.

Со почит и надеж за Ваше разбирање,

Изготвил:
Валентина Самарска Јоргушеска

Директор,
М-р. Маја Парнарџиева Змејкова

Директор,
Јанез Јелникар

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари