Соопштение бр.25

На ден 25.11.2010 година претседателството на ЗПЛРМ одржа состанок со колегите од Кавадарци и Неготино.

Колегите беа запознаени со нови информации, процедури, критериуми кои се работат во фондот. Се дискутираше за проблемите кои ги имаат докторите и кои се повторуваат во секој град. Сите се интересираа кога ќе се почне со новите преговори.

Докторите специјалисти од трудова медицина кои останале како матични лекари во внатрешноста на Македонија, бараа да можат да прават и систематски прегледи и да бидат матични. Бараа да се укине режимот за препишување на лекови. Да се исфрли ампуларна терапија , да не е на товар на капитација бидејќи така е по медицина базирана на докази. Се отворија и многу други теми.

Состанокот почна во 20 часот а заврши во 22 часот.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари