Барање од здружение на приватни лекари Куманово до ЗПЛРМ

До

ЗПЛРМ

Барање

Од Здружение на приватни лекари на Куманово(Во понатамошен текст-ЗПЛ-Куманово)

Поради силно изразеното незадоволство на сите матични лекари од неисполнување на обврските на ФЗОМ,во врска со ненавремените исплати на капитацијата

Иако од ФЗОМ во месец мај најавија доцнење на исплатите на здравствените работници,ЗПЛ-Куманово,смета дека тоа доцнење е селективно и се однесува само на матичните лекари,додека платите на вработените во ФЗОМ,МЗ,болниците редовно земаат плата.Изгледа дека матичните лекари се терет на оваа држава.Како ние да лекуваме странски државјани ,а не граѓани на РМ.

Состојбата во сите ординации е алармантна.Доцниме со исплата на плати и придонеси,еден куп неплатени ф-ри за струја,телефони(кај многу се исклучени поради неплатени ф-ри),хартија и др.потрошен материјал,плаќаме камати во банки за кредитни картички,кредити,а годишниот одмор е веше мисловна именка.Како ние и нашите деца да немаме право на одмор и пристоен живот.

Ако нема пари за Нас,нема да има и за Нив и додека не си ги исполнат обврските кон нас,тие не треба да земаат плата.

Затоа ЗПЛ-Куманово бара од претседателката на ЗПЛРМ да излезе со соопштение до јавноста или на ПРЕС и да ја запознае јавноста со состојбата во која се наоѓаме и да бара под итно исплата на сите заостанати долгови на државата кон нас.Ако има пари за непродуктивни трошкови,мора да има и за нас.Во спротивно УО на ЗПЛРМ да си поднесе оставка и да распише нови избори или да размислува за друг начин на борба за нашите права (Наш предлог е од одреден датум сите колеги да престанат да пишуваат рецепти и упати).

Под итно да се воведе партиципација од 100ден.Образложението дека на тој начин би се срушил концептот на бесплатно здравство не држи од причина што партиципација се наплаќа секаде во сите здравствени установи(стоматолози,фармацевти,болници),освен кај матичните лекари.На крај краишта,концепциите може да подлежат на измени.

Во врска со изјавата на Министерот за плаќање по учинок,сметаме дека сме силно оштетени,бидејќи доктор што има преку 2500бода е казнет и не му се исплаќа полна капитација.Испаѓа-колку подобар доктор толку поголема штета.

Време е да да се направи нешто.

Барател:

ЗПЛ-Куманово

Коментари (8)

 

  1. admin напиша:

    Komntar od Dr Svetlana Trifunovska

    Bi mozele do utre da se obvinuvame no mora da si gi kazeme faktite..Nikogas ne bilo zdruzenieto vaka ekipirano organizirano,povrzano kako sega koga na celo se naodja najharizmaticnata koleska Lilija Colakova-Dervisova.

    Potsetete se samo koga bilo vaka transparentno i koga vaka sme bile on line povrzani za komentarite da vi bidat objaveni vo sekunda-dobri ili losi i nekoj vednas da vi odgovara na istite..Koga se napravilo povece za felata bez razlika od koe nivo..Ja licno sum bila prisutna koga bitki se biele za kolegi i od PZZ i SZZ i ako ova e zdruzenie na doktori od PZZ i sekogas se izleglo vo presret na site baranja..Kolku samo promeni se napraveni vo pozitivna smisla kolku raboti se pridvizeni napred ne bi sakala da se povtoruvam so pretsedatelkata…

    I ne bi sakala da gi izdvojuvam kolegite od Kumanovo iako bi imala mnogu da kazam a ce kazam zadolzitelno samo edno: Ne zaboravija li koj tolku neumorno se borese za da se prekinat dezurstvata vo nivniot grad ,koga tie bea ubedeni deka taka mora da bide???Za se treba vreme ne zaboravete no ne e fer da se zaboravi koj bese vo prvite borbeni redovi dodeka vie “navivavte”

    Golem pozdrav do kolegite i se nadevam ce bidete vaka edinstveni za sekoja podrska sto vi se dava vo idnina!!!!!

  2. Mito напиша:

    Како прво,силно ја поздравуваме и ја подржуваме изјавата и и ницијативата на ЗПЛ од Куманово.Мислиме дека веќе е допрено дното и дека е оваа нормална реакција и последица на сите овие негативни текови што се случуваат во работењето на матичните доктори.
    Почнувајќи од нередовната исплата,висината на капитациониот бод кој што не ги прати тршоците на живот,секојдневните казни и закани од страна на ФЗОМ,,неможноста за нормално користење на годишниот одмор,нелогичното и незаконско намалување на капитацијата над 2500 поени,континуираните кратења на капитацијата по основ на пациенти со основ нула,преобемната администрација небаре сме шалтерски работници а не доктори,новото работно време според новите договори на кое што и самите пациенти негодуваат,кратењата по основ на прекорачени рецепти која што мерка нема ни “П ” од превенција , итн да неб набројувам повеќе.
    Мислам дека дното е допрено,ни треба единство и сплотеност на членството,лидерство на Претседаателката за кое што мислам дека до сега не го покажала(можеби отсега натаму ќе го видиме и тоа,ако не да го отстапи местото на друг ) и многу добра волја од страна на ФЗОМ ,како позитивна енергија за сите отстапки до сега што се направени од наша страна
    САМО НАПРЕД!

    • Почитуван колега,

      Ќе Ви одговорам бидејки сум прозвана во Вашето писмо.

      Да се биде лидер на едно здружение на интелектуалци, во мојата свест претставува нешто сосема друго и нешто многу пошироко од барање пари. Реакции за средствата се направени многу и контактирано е со Директорката на ФЗОМ. Одговорот е дека целите ќе дојдат оваа недела а веднаш потоа и за прв пат капитација 100 % за месец април.

      Откако сум дојдена на чело на ЗПЛРМ се искреира нов сајт кој служи за информација на сите колеги од РМ. Се информираат 2000 доктори и покрај тоа што сите не плаќаат членарина. Во животот ме воспитувале дека секогаш треба да му пружиш на некого некоја позитивна придобивка, да покажеш да имаш потенцијал и капацитет за работење.Македонија е помината по должина и по ширина по сто пати за овие две години. Така се направи мрежа на координатори по градови.

      И кај Вас пристигнуваа мејлови секој ден иако сте од Гевгелија и никогаш не доаѓате на состаноци, но секогаш бевте известен за се. Би сакала да Ве прашам дали во претходните години исто вака некој ве информираше за се?

      Се направи линк со ФЗОМ и тоа на највисоко ниво. Линк со МЗ со претходниот Министер Г-дин Бујар Османи. Со Центар за семејна медицина. Се договорија средби со раководителите од подрачните постојано да се во линк со проблемите на матичните доктори. Се промени режимот на лекови три пати во изминатата година, се договори и се доби веб сервисот од ФЗО кој за скоро време ќе биде уште пософистициран – ќе можеме да си ги бараме нашите пациенти само по матичен број, ќе можеме да ги пријавуваме и оние пациенти кои имаат промена на книшка а кај нас тоа не е променето. Се промени начинот на издавање на боледување, на упатување. Се спасија од дежурства Велес,Струмица,Куманово.

      И немојте да мислите дека тоа се е случајност. Случајно нема ништо во животот – напишани беа милион мејлови, преписки со Директорот на ФЗОМ, Министерство за здравство и вложена огромна упорност за тоа да се добие. Бодот се врати на 50 денари – после пишување во весници на цела страна – само една објава во весник чинеше 1000 евра – за значењето на матичниот доктор и кој го лекува народот во РМ. Безброј настапи на медиуми каде се бараше капитација со партиципација. Но бидејќи сме постојано во избори не било популистички.

      Се врати бодот на 50 денари.Се направија реакции со адвокатот на ЗПЛРМ за тепаните гинеколози во Штип, за гинеколозите од приватен сектор и нивните конфликти со Клиника. Реакција на цел Управен одбор – во најголемиот студ кога баравме промена на здравствениот систем бидејќи овој дефинитивно не издржува.

      Да се биде лидер на ЗПЛРМ, да функционира Управниот на ЗПЛРМ мора да има толеранција, култура на однесување и треба да сте фактор кој ќе почитува институции. Никој не може да ја спречи некоја единка во оваа држава да си го искаже јасно својот став. Јас и Управниот на ЗПЛРМ кога имаме став, повикуваме новинари и секогаш имам/имаме став кој цврсто го бранам/браниме.

      Уште еднаш ги повикувам сите ентузијасти доктори активно да се вклучат во работењето на ЗПЛРМ кое е волонтерско, но го одзема сето слободно време.

      П.С. Имам едно прашање до Вас – зошто дозволивте во Гевгелија државен доктор да Ви биде претставник во Лекарска Комора од Гевгелија или сите приватни доктори имавте приватна работа наместо да се занимавате со избори во ЛКМ?

      Со почит
      Др Лилија Чолакова Дервишова

      • Mito напиша:

        Хммммм?
        Оркестриран напад или одбрана?…….Зависи која како сака да гледа……Машала,половина членови на УО на ЗПЛРМ.Но добро,тоа е тоа!
        Да не останам неразјаснет,бидејќи се искажаа доста обвинувања,размислувања,препораки,предлози,овака сега……
        На прашањето на Почитуваната претседателка одговорот е следен:
        ОО на ЛКМ на Гевгелија е составена од една страна од Психијатриска Болница-Негорци со 8 доктори,Здравен Дом-Гевгелија со 8 доктори и Општа Болница – Гвегелија со 25 доктори и од друга страна,ние матичните кои сме 23 на број.Значи,41 доктор од Јавното Здравство(Државни?) наспроти 23 доктори од Приватното Здравство.Или со други зборови,ниту ние дозволивме,ниту сме имале некаква приватна работа која ни била поважна од изборот на ЛКМ.Работевме на терен ,лобиравме,но едноставно бројките се тие ,па дури можеме и да кажеме дека иако сме 23 приватни доктори,нашиот кандидат освои 33 гласа.
        За се онаа друго што беше кажано целта ми беше една и единствена,кристално чиста и јасна.Па не гледате ли луѓе дека постои едно огромно незадоволство кај матичните доктори во односите со ФЗОМ,од состојбите во здравството итн.Во секојдневните контакти со колегите тоа незадоволство постојано ми се кажува ,плус пишувањето на колегите од Куманово кое ме погоди,и тоа беше единствена причина за моето претходно пишување.Па луѓе,ми изгледате како да сте претседател и УО на некоја друга ЗПЛРМ,а не на оваа со која што раководите?
        Се е тоа во ред,веб страна,секојдневна комуникација,Веб сервис за проверка на осигуреници,и многу други работи што ни ги набројавте,меѓутоа се е тоа бадијала кога членството кое што го водите,според мене околу 90% е незадоволно од моменталниот статус.Работете на решавање на суштински работи кој ќе го подобрат статусот на матичниот доктор во општеството,по што тој ќе се почуствува задоволен,а не на некои небитни работи кои и така ни го комплицираат секојдневното работење.
        Уште еднаш повторувувам,сватете го пишувањето како добронамерно,а се со цел за наше добро!!!!
        Немам намера понатаму да полемизирам,не ми е таа целта,ако ме разбравте…….
        Со почит,
        и секое добро!

        • D-r Igor напиша:

          Kolega Mito,
          dobro e sto smognavte sili da nabroite barem nekoi od pridobivkite na ova rakovodstvo….sepak namerno ili slucajno megu drugite raboti, zaboravivte da napomenete deka bodot se vrati na 50 denari za vreme na ovaa pretsedatelka!!!
          Nejse…tesko ni e na site, zatoa sto site za pari rabotime i gi cekame isplatite za nekako da vrzeme kraj so kraj, i za toa ste vo pravo i vie a i kolegite od Kumanovo….samo pak ke kazam deka gi adresirate problemite na pogresna adresa! NAjmalku za toa e odgovorna nasata pretsedatelka Lili ili OU na ZPLRM. So segasniov sistem na trezorsko rabotenje ne e cela krivica ni vo FZOM. Parite namenski se pustaat od budzetot i vistinskiot problem lezi tamu….znaci ministerstvo za finansii, ekonomija ili kade veke e toa…
          I uste ednas ke se povtoram, za zal seuste nasata pozicija e pozicija na BARATELI, a ne
          NAREDBODAVATELI. DA baras ne znaci deka po avtomatizam ke dobies, toa veruvam na site ni e jasno.
          I sega vo vakva situacija pravenje razdor i promeni na nesto sto e veke funkcionalno (i uspesno vo ramkite na svoite moznosti, se razbira), e najblago receno pogreseno izbran moment, sto za site ke odgovara poveke , samo ne za nas doktorite…RAZEDINI, PA VLADEJ…vi e veruvam na site poznata fraza…pa sea vie stavete ja vo kontekst koj vam vi odgovara…
          I za kraj uste ednas ke se povtoram: ZPLRM e jako onolku kolku sto nie site zaedno sme jaki i edinstveni….kolku sme aktivni site nie poedinecno (ne samo preku pisuvanje statii, ami preku realni aktivnosti), tolku i zdruzenieto ke e poaktivno i pouspesno!!!
          I edna mala sugestija> ne znaci deka ako vo Gevgelij ne ste uspeale na izborite za LKM kako privatnici, deka treba da prekinete so aktivnostite i vo ZPLRM, naprotiv, toa trea da ve stimulira da bidete uste pouporni i da gi inkorporirate i specijalistite vo vasite aktivnosti, kako na slednite izbori poveke od niv da zastanat na vasa strana, zasto ne e cUdno ako naskoro se realizira i proektot za privatiziranje na sekundarna ZZ, a togas sigurno privatnicite ke ste pomnogubrojni…vie bitno e da ste entuzijasti i da sakate da rabotite…
          pozdrav kolega Mito, i site drugi sto ne citaat i
          SAMO NAPRED!!!!

    • milorad.risteski напиша:

      Почитувани колеги,

      Убаво е што во време на летни одмори половината од вас се на работното место и ги извршуваат дневните работни обврски, а другата половина некаде се сонча.

      Јас, кој што морам да ги читам сите ваши мејлови и коментари, во исто време да одам на работа и да бидам активен во УО на ЗПЛРМ, обврзан сум да полемизирам и да ги споделам сите добри и лоши страни со вас.

      Ако пред две години немавме каде барем да се допишуваме, сега имаме медиум, како академски граѓани да ги споделиме нашите размислувања.

      Со изборот на новиот УО на ЗПЛРМ и пропатуваните над 25 000 км низ Македонија, сметам дека работите во здружението се коренито изменети во позитивна насока. Нема да ја парафразирам претседателката во нејзиниот коментар, меѓутоа, според моите лични имппресии и заклучоци од терен, можам да кажам дека само мал дел од вас пишуваат, доаѓаат на состаноци и го сакаат здружението.

      Ги поздравувам колегите низ градовите во Македонија кои што сеуште не сме ги посетиле, меѓутоа тоа ќе го направиме во најкус можен рок (тоа го работиме за вас, волонтерски, на доброволна основа).

      Од посетите на градовите и промените во здружението во минативе две години самите можете да заклучите за следново:

      1. Нов начин на комуникација
      2. Нов начин за анимирање на сите колеги
      3. Изработка и ажурирање на база на податоци
      4. Писма, разговори и дописи до МЗ, ФЗОМ, ЛКМ
      5. Над 20 седници на УО
      6. 3 работилници
      7. Секојдневни соопштенија и известувања

      Сето тоа се прави на доброволна основа.

      На колегите кои што не се задоволни од работата на УО им порачувам редовно да доаѓаат на состаноци со локалниот координатор на ЗПЛРМ во местото на живеење, да ги почитуваат сите размислувања на колегите било да се тие позитивни или негативни, а за проблемите заеднички да дискутираме и да ги решаваме со ваша помош. Тоа важи и за колегата од Охрид, Делчево или Битола …

      Со заеднички напори, (иако сите имаме проблеми во работата) со новиот состав на ЛКМ, со преговори за нов петгодишен договор во примарна, сметам дека сите треба да се позанимаваме и да го дадеме својот придонес.

      Претседателот на ЗПЛРМ, УО и другите структури ве покануваат да земете активно учество со цел подобрување на нашата состојба и остварување на целта докторот да биде вистински доктор.

      Поздрав до сите, успешна работа и добар одмор.

      Д-р. Милорад Ристески спец. гинеколог – акушер

    • D-r Igor напиша:

      Поздрав до колегата Мито, иако не се познаваме лично би сакал да го пофалам за тоа дека многу добро ги познава состојбите во здравството, и точно ги лоцира проблемите. За тоа секоја чест, и веднаш потоа да му кажам и да му олеснам, а истовремено малку да го разочарам дека за сите, ама баш за сите наведени проблеми од негова страна веќе е реагирано од ЗПЛРМ. За некои работи се имало слух од МЗ и ФЗО, за некои не, но ние не сме се откажале поради тоа, туку напротив одиме понатаму и тие барања постојано се ажурираат и веке се реагирало и за многу други проблеми кои не тангираат, kako што се новите законски измени за осигурување, измените во правилникот за закуп , т.е концесија итн, итн итн…
      Би сакал исто така колегата Мито, во стилот на неговата последна реченица, да го повикам на соработка, сплотеност и со заеднички напори да пробаме да се избориме за што е можно подобро место на докторите во нашето општество. Тоа за жал сеуште многу зависи, како што и самиот напомена од „добрата воља„ на ФЗО. Наше е сепак да се бориме за нашите права и за нашиот статус во нашава држава. Јас лично би го поканил одсега колегата да земе активно учество на состаноците на ЗПЛРМ, и да придонесе во остварување на заедничките цели, а мислам дека никој од колегите кои се редовни и активни на овие состаноци нема да има ништо против.
      Знаете, како се рекло, „После битка сите се прават генерали !!! За да не биде така, треба сите да се вклучиме во битката, а не после победата, или уште полошо после поразот да мудруваме како можело нештото да биде подобро!
      Разединетост во ЗПЛРМ во овој момент, оставки, реизбори итн. кога се во тек клучни промени и имплементација на клучни реформи во здравството им одговара на сите , само не на докторите ! Поактивно. поажурно, потранспарентно здружението никогаш не било, а со својот сајт ЗПЛРМ, веќе стана секојдневна алатка за работа на сите нас во пратењето на новините кои ни се на сите неопходни.
      Со Барањето на колегите од Куманово се согласувам половично, т.е до онаму каде се наведуваат нашите проблеми и состојбите на сите нас поради нередовните исплати….сите ние работиме за пари, кои мораме да си признаеме се помалку ги има… Но како што и самите колеги од Куманово навеле, и како што се потпишале на крај, како „БАРАТЕЛ – ЗПЛ Куманово„ јасно ставиле до знаење која е нашата позиција, а тоа е позиција на БАРАТЕЛИ, а не на НАЛОГОДАВАЧИ. А ако некој во државава барал, повторувал барања, некогаш дури и јавно молел, за сите нас заедно, а многу често и за многу нас посебно, трудејќи се да ги реши сите наши заеднички и индивидуални проблеми(вклучително и веќеспоменатите а и други проблеми во Куманово), тоагаш тоа е нашата актуелна претседателка! За жал некои барања биле прифатени, некои не, али пак ке повторам во моментов таа ни е позицијата-баратели! Немојте проблемот со нашата моменталната финансиска ситуација да го лоцирате во погрешна личност, сепак и нашата претседателка не е семоќна, а мислам и дека знаете дека не е таа што го потпишува „Чекот„ за нашата исплата.
      И на крај би апелирал до сите колеги кои очекуваат ЗПЛРМ да биде активно, јако и влијателно здружение, а притоа со ништо не допринеле да биде такво, ниту се активирале во неговата работа, ниту редовно платиле чланарина во истото, да не очекуваат дека здружението, неговиот УО, а уште помалку нашата претседателка ќе можат како со волшебно стапче да ги решат сите наши проблеми!
      Здружението, колеги, ќе биде онолку јако колку што ние самите ќе го направиме, ама сите ние…колку сме побројни – толку сме посилни!
      затоа колега Мито,
      САМО НАПРЕД!

    • D-r Igor напиша:

      koj seuste misli deka D-r Lili ne gi stiti site lekari i nivnite interesi neka go poseti linkov…..

      http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=52592

      sekoja cest pretsedatelke i samo napred 🙂

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари