Демант по повод напис во Фокус

Почитувана Адријана,

Ви се обракам во името на сите матични доктори во РМ. Моето име е Лилија Чолакова Дервишова и сум претседател на сите приватни лекари во РМ. Кога ја прочитав изјавата на колешката кај мене се јави страшен револт бидејќи има неточни податоци и не би сакала јавноста да се дезинформира.

Малку да се вратиме наназад за да биде се појасно,приватизација во здравство е почната во мај 1992 година,а матичен доктор како институција постои од 01.08.1997 година.Сите кои имаа завршено медицинскифакултет а не ги примаа во јавно здравство од 1992 година отворија приватни ординации .Тоа се пионерите на приватното здравство во Македонија.Начинот на плаќање беше плаќање по услуга,со минутажа од 48о мин на ден.Просекот кој можеше да се добие со исполнета минутажа беше 92500 денари.И тоа не е плата за доктор,туку паричен надомест од кој се плаќаше плати за доктор,сестра,фактури,ампуларија,кирија за простор,фирмарина ,книговодител и хигиеничар и др.

Да се биде приватен доктор на почетокот беше многу тешко,требаше да си навистина квалитетен за да дојдат пациенти.Општите доктори макотрпно се бореја за да си најдат место под сонце во државата.Имавме најразлични директори на Фонд,Министри за здравство што воопшто не не примаа.Па се прашувавме всушност за кого постојат тие .

Замислете во 1994/95 имаше наредба да во иста ординација не смее да има двајца доктори,па тие што немавме просторија плус ,си ги напуштивме вторите доктори и тие останаа без работа.Мораше да се прават плус санитарни тоалети колку што има доктори во една приватна ординација и што ли не поминавме во оваа транзиција.

Паричниот надомест тогаш го добивавме целосно без цепкање,но се случуваше да поминат и 60 дена никој денар да не префрли од Фондот за здравство,ниту да не удостои да ни се каже кога ќе има пари.Потоа крајот на 1999 /2000година се менува системот на плаќање по капитација.И почнува исплата 68% со 2% за едукација и 30% од сумата ја добивавме на три месеци-значи три пати по триесет посто одеднаш.Овде многу е важно да се каже да е битен бројот на прикрепени пациенти за еден доктор.

Кога ќе ви префрлат 116ооо денари тоа да е 70% и од тоа треба да платите персонален ,плати за два тима доктор сестра веднаш ќе Ви кажам да тоа се 90000 денари за плати.Каде е струјата,ампули,вода телефони,хартии,рецепти амбулантски дневници,книговодител,хигиеничар,одржување на компјутери,програми,осигурање на ординациите од полави,кражби,и најважно овие приватни општи доктори СЕ САМИ СИ КУПИЈА , ОПРЕМА, ДУРИ И ПРОСТОРИИ ЗА РАБОТА САМИ СИ ОБЕЗБЕДИЈА.

Тоа значи да се што добиле го инвестирале во здравствениот сектор,за да имаат достојни ординации за своите пациенти.Така се гради имиџ на добар доктор.Ние не наследивме пациенти,туку здрави,болни,оперирани,одевме на работа секој ден.Пациентите не ни ги даде ни Фондот ни Министерството.

Докторите во Македонија во моментот се осигурани на минималец за да можат да платат се друго што е потребно кон државата,десет години бодот не е мрднат.

Очекуваме фидбек од државата,т.е реформи на нешто што почнало во некое друго време,во минатиот век.Апелирам да докторите треба да држат до своето ниво,и за проблемите кои постојат треба да си ги решаваме меѓу нас во ЗПЛРМ, ЛК а не на штета едни на други.Оваа држава му овозможи на секој кој сакаше можеше да дојде и да биде приватен.

Сите што се во примарно здравство,па и специјалистите по школска медицина можат сега да лекуваат од 0 до 100 години.Но за да се дојде до пациенти е многу тешко,треба докторот да даде многу енергија,да има многу знење,љубезност,позитивна енергија и да си ја сакате работата.Тоа е рецепт за добра бројка пациенти,а сумите од 4000 до 6000 евра се научна фантазија на некои колеги.

Со почит

Претседател на здружение на приватни доктори на РМ

Др Лилија Чолакова Дервишова

Коментари4 коментари

 

  1. miki mircev напиша:

    samo nie ke si gi citame problemite megu sebe i pak nisto
    i jas sum lekar maticen izvini odnapred sto ne se predstaviv
    mnogu sum izrevoltiran so kazni i kazni i nema kraj a rabota preku glava so dnevni pregledi nad 50 i …. nou koment .pozdr

  2. Почитувана колешке,
    Накратко ја раскажавте и мојата приказна и историјат. Се гледа дека сте го поминале истиот пат, можеби малку порано од нас. Да,го прочитав тој напис, револт е несоодветен термин, бес да, задоволува. Но, поентата ми е нешто друго. Ние, во нашата ординација, искрено и немавме некое поверење во Здружението, онакво какво го знаевме. Се надевам дека ќе продолжите во оваа насока, ја имате нашата подршка. Еден извесен период ве следиме во вашите активности и тоа е она што му треба на едно еснафско здружение. Се надевам дека наскоро ќе размислите и за Синдикат на Приватни лекари на Република Македонија, кој ќе биде столб на еснафот и партнер на државата (ФЗО и Министерството). Во овој момент, само Матичните лекари го одржуваат здравството во државата да не се сруши. Во секундарното здравство при крај е војната во која одредена точно дефинирана група на поединци ќе ја добијат војната со јавниот сектор. Поради таа војна секундарното здравство практично не функционира. За терциерното здравство, веќе 10 години илузорно е да зборуваме. Вие, како претседател на Здружението, мора да сте свесни дека во овој момент сте моќен фактор, со силен backup, поради горе наведените случувања и да покренете иницијатива да ги добиеме сите права ( обврските сите ние си ги извршуваме) на паричен надоместок кој ни следи. Ве молам, од кога ќе се платат сите давачки, па зарем не е срамота лекар да се запишува кај колонијлот во соседството!!! Во која тоа држава, поблиску или подалеку, лекарите исчезнуваат од средната класа?
    Зарем не е срамота, една ординација со 1300 пациенти, да и дадат бруто плата од 73.000 денари, замислете цели 73.000 денари, што би рекла Адријана! Ајде сега платете се по ред, кирија,струја, телефон, придонеси, хигиенски средства,чаршави, кломпи,рецепти,упати,моливи, пенкала,ампули, шприцеви и бла, бла бла, што ви остана – гола вода. Во која држава, Фондот плаќа околу 70% од платата, за да после 3 месеци ти скрати по 300-400 евра, без да ти даде образложение!!! До кога комисијата на Фондот која прави проверки по ординациите или сеедно на Министерството, ќе биде без член од Здружението!?Па, може ли, лекар сега завршен или без никакво искуство да проверува ординација која десетина години одржува 1200,1300, 1400 или 1500 пациенти и која секој месец бележи пораст во тој број!? За сега толку, ве поздравуваме, контактирајте не на горенаведениот мејл или телефон 2792-398, бидете поздравени, Др. Рада Б. Коковијадис, Матичен лекар

  3. maticen напиша:

    Osven na ovaa WEB strana, kade na drugo mesto e objaven demantot na pretsedatelkata?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари