Скрининг и рана детекција на рак на дебело црево
Почитувани доктори,
Ве известуваме дека, согласно новите измени во програмата за Скрининг и рана детекција на рак на дебело црево (службен весник бр.27/2025 од07.02.2025 година) , се започнува со објавување на термини за изведување на Скрининг колоноскопија. Потребно е Ваше активно учество во процесот на упатување на пациенти за скрининг, согласно новите насоки и протоколи.
Клучни измени во програмата се следни:
- Проширување на целната група: Од оваа фаза, во програмата се вклучуваат сите пациенти на возраст од 50 до 75 години, кои ги исполнуваат условите за скрининг.
- Географско проширување: Иако досега програмата беше ограничена на пациенти од Скопје, наскоро ќе започне процесот на вклучување на пациенти од цела Македонија. Ова ќе овозможи достапност на скрининг колоноскопија за поголем број на пациенти низ целата држава.
- Процедура на упатување: Во рамките на новата програма, внимателно следете ги насоките и упатете ги пациентите кои ги исполнуваат условите за скрининг.
Со овие измени се заокружува значителен напредок во проширувањето на скрининг програмата, која има за цел рана детекција и превенција на рак на дебело црево.
Ве молиме за Вашето активно учество и соработка за успешна имплементација на програмата за скрининг и рана детекција на рак на дебело црево и подобрување на здравствената грижа за нашите пациенти.
Во прилог дописот од 2024 година кој беше доставен до матичните лекари , упатство и Програмата за скрининг и рана детекција на малигни заболувања
Со почит,