Изјава за 24 вести: Од први април поголем капитационен бод за матичните лекари

Матичните лекари ќе добиваат повеќе пари за пациентите што ги згрижуваат. Од први април се зголемува капитациониот бод и наместо сегашните 75 денари капитацијата ќе изнесува 100 денари.

Ова за 24 го најави министерот за здравство Арбен Таравари во синоќешната 24 Анализа.

 Зголемувањето на капитацијата за матичните лекари е потреба за поддршка на примарната здравствена заштита, децидна е претседателката на Здружението на приватни лекари. Чолакова-Дервишова посочува дека зголемената капитација ќе ги охрабри матичните лекари да инвестираат повеќе време и ресурси во превентивната и континуираната грижа, што ќе резултира во поголема квалитетност на здравствените услуги. 

За сметка на зголемувањето на капитацијата, матичните лекари пак ќе мора да поработат повеќе на превенција во примарното здравство, што пак е клучно за одржување на општото здравје на населението и намалување на трошоците за лекување на хронични заболувања.

Инаку, капитациониот бод годинава ќе се зголеми после две години, откако од први јануари 2023тата вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина скокна од тогашните 63  на 75 денари. Хронолошки, капитацијата од 2001вата изнесуваше 45 денари, за после 10 години истата да се зголеми за само 5 денари, потоа во времето на Бујар Османи по низата штрајкови бодот го зголемија на 55 денари, за во времето на Филипче капитацијата да достигне 63 денари.

Превземено од 24.mk

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари