Подобрување на Е-рецепт
Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија се одржа средба за подобрување на Е-рецепт, со претставници на Здружението на приватни лекари на Македонија (Zplrm) и поголемите ланци на аптеки и здружението на аптеки, како засегнати страни и NextSense, на кои беа презентирани планирани подобрувања на Е-рецепт. Со промените ќе се отстранат проблемите кои ги имаат матичните лекари и аптеките и кои не биле решавани години наназад, како позадински проверки и валидации на рецептите и повеќе други. За граѓаните/осигурениците ќе значат целосно безхартиено издавање и подигање на лековите.
На подобрувањата ќе се работи следните неколку месеци, ќе биде во пилот употреба и конечната целосна употреба ќе биде до крајот на половината на 2025 година.