Состанок со ФЗОМ и Стопанска комора
Почитувани колеги,
На ден 23.7.2024 година се реализираше состанок со Директорите на ФЗОМ и претставници од Стопанска комора – приватно здравство.
Се дискутираше колку е важна поддршката на ФЗОМ, за опстанокот на приватното здравство кое има договор за работа со нив!!!
Имаше претставници од примарно здравство доктори и стоматолози, од секундарно здравство интернисти и специјалисти стоматолози!!!
1.Методологија за покачување на нашите исплати согласно инфлација и трошоци!!
Мора да се промени делот за старт на амбуланти – до 800 пациенти да нема сестра!!!
Во оние места каде нема повеќе сестри, да може со негативен оглас од Биро за вработување фирмите да продолжат да работат!!!
Казни на процент од просечна плата во РМ!
Важноста на руралните амбуланти!!!
Мора да се зголемат буџетите на специјалистите кои се приватни, повеќе внимание да се обрати на рационалното упатување!!!
Буџети за рецепти не ни требаат, софтверска контрола да има и секој да си лекува согласно МБД.
Е – контроли од фондот да има!
Средбата помина во многу конструктивен разговор со двајцата Директори на ФЗОМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов!!!