Известување од ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација Скопје
Почитувани,
Во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација, Скопје, секој понеделник работи амбуланта за протетика и ортотика од 11-13 часот со пет термини, исклучиво за препишување на протетски и ортопедски помагала.
Ве молиме овие пет термини неделно да не ги ангажирате за пациенти на кои им е потребно лекување, затоа што истите ќе бидт вратени.
Ве молиме да ги информирате по можност матичните роботи во вашето здружение.
Во прилог Ви го доставуваме Протоколот за индикации и контраиндикации за примена на роботска терапија.
Ве молиме за да се избегнат недоразбирањата и конфликтите со пациентите при упатувањето нивно да се придржувате кон Протоколот.
Ве молиме проследете го до матичните лекари.
Со почит,
Д-р Велика Лабачевска
В.Д. Медицински Директор