Приватните матични лекари во понеделник од 12 до 16 часот нема да работат поради убиството на лекарот
Матичните лекари од приватното здравство во понеделник од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако нивни колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.
Претседателката на здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова која ја имаме во ова издание на вестите, уште еднаш истакнува дека неопходно е да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.
Со реакција се огласи и Лекарската комора.