Грипот коси – пикот се очекува следната недела
Грипот зема замав, а и од ковидот нема спас.Речиси секој втор човек од најмал до најстар се бори со инфлуенца или ковид.Високи температури кои траат по неколку дена, кашлица и силни главоболки се најчестите симптоми. Ординациите на матичните се преполни, а врие и во болниците. Лекарите предупредуваат дека прославите, масовните собири но и загадениот воздух се причините за порастот на новозаболени.
“Ова е период кгоа народот има многу прослави, активно се дружат дневни журки…Јас од амбуланта можам да приметам дека пацинетите не се облекуваат соодветно, загадениот воздух дополнително ја комплицира состојбата.Пушачите на секој пет мниути излегуваат надвор, било тоа да е журка забава или на работно место.Македонија има клима во која што во јануари треба да се облекувате топло и да се пијат топли течности” –апелира доктор Лилија Чолакова Дервишова – матичен лекар.
Лекарите препорачуваат да се избегнуваат места на кои се собираат многу луѓе, да се зголеми нивото на личната хигиена, да се внесуваат повеќе течности и здрава храна.
“Бањање во вечерните часови,седење дома порите се отворени три часа.Да нема бањање па излегување, за стрептококите да не си најдат свое место за да има раст на стрптококни ангини.Ако некој е болен да си седи дома, и да не пренесува…и да внимава кога се кашла и кива”предупреди др. Чолакова Дервишова.
Она што дополнително загрижува е што има пациенти во земјата кои се заболени со флурона – тоа е двојна инфекција со грип и Ковид 19 во исто време.Такви случаи се евидентирани досега три.
И болниците се полнат, повеќе од 60 хоспитализирани деца има во Клиниката Козле а се полнат и болничките соби на Инфективна. И на Клиниката за детски болести има зголемување и на прегледите и на хоспитализациите.
Инаку,оваа сезона од грип има 3500 случаи и 6 пациенти кои ја изгубија битката поради компликации од вирусот.