Состанок со МЗ, Мој Термин, ФЗОМ и Светска Банка

Претседателката на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова и д-р Лилија Чолакова Дервишова, член на Извршниот одбор на ЛК, денеска присуствуваа на работен состанок со претставници од Министерство за здравство, „Мој термин“, Фонд за здравствено осигурување и Светска банка посветен на реформите во примарната здавствена заштита. На состанокот се разговараше за ефектите од она што досега е направено, беше презентирана нова дигитална алатка дата борд, која наскоро ќе биде достапна во електронскиот систем „Мој термин“ и се дискутираше за потребата од унапредување на процесите на дигитализација. Акцент се стави и на потребата од вклучување на фармацевтите во реформискиот процес.

Претставниците на Комората го споделија искуството на матичните лекари од примената на новите протоколи за лекување на најчестите хронични заболувања за што рекоа дека досегашните искуства на пациентите и лекарите се позитивни, бидејќи со новиот начин за препишување на хронична терапија без да се бара специјалистичко мислење се олеснува добивањето на потребните здравстени услуги, а досега нема информација за тоа дека некој лекар е казнет затоа што со препишувањето на хронична терапија го надминал буџетот кој му го дава Фондот за препишување на лекови. На состанокот беше потенцирана потребата за обезбедување на континуиран раст на капитацијата, која ќе создаде услови за платата на лекарите од примарното здравство да го следи растот на минималната плата и на трошоците за живот. Се истакна и потребата да се обезбеди финансиска одржливост на ординациите кои имаат прикрепено помал број на пациенти, бидејќи со капитацијата која сега ја добиваат не можат да ги покријат основните трошоци и да исплатат минимална плата на докторот и медицинската сестра. Беше даден предлог да се дозволи во овие ординации лекарот да работи самостојно без медицинска сестра.

Меѓу другото, претставниците на Комората укажаа и дека не е дозволиво тоа што Фондот за здравствено осигурување се уште не може да обезбеди имплементација на законското решение со кое се овозможува во случај кога матичен лекар заминува од ординацијата, во период од шест месеци на ординацијата да и се исплаќа 70 отсто од капитацијата, а пациентите да продолжат да добиваат здравствени услуги кај лекарот од вториот тим. Комората е со категоричен став дека законските измени се веќе донесени, а надлежните институции треба да создадат услови новите решенија кои носат бенефит и за лекарите и за пациентите да бидат имплементирани во пракса.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари