Инфо за услуга помош и нега во домот
Почитувани,
Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби со свои подружници во општините Битола, Велес и Гостивар е лиценциран давател на услугата Помош и нега во домот и овој месец потпиша и Управен договор со МТСП. Во овој период сите потенцијални корисници кои може да ја добијат услугата бесплатно треба да ги подготват соодветните документи меѓу кои и Кац индекс согласно Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот.
Во интерес на оваа ранлива категорија е што побрзо да започне давањето на услугата, па би ни било драго доколку ги известите матичните лекари околу нивната должност за пополнување на Кац индексот.
Срдечен поздрав,
Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби.