Матичните лекари добиваат повеќе надлежности за пропишување лекови и испитувања

Лекови за маснотии во крвта или терапија за астма која досега пациентите ја добиваа само со рецепт од специјалист истата ќе можат да ја пропишуваат матичните лекари. Но, кога ова ќе почне да се применува нема точен датум, туку само најава дека е дел од реформните на Министерството за поквалитетно примарно здравство. Матичните ќе можат да издаваат упати и за посложени лабораториски испитувања. Целта според здравствените власти е навреме да бидат откриени висок притисок, дијабетес и други хронични заболувања. Доколку пациентот дојде во ординацијата на матичниот поради болки во грлото, а има над 45 години избраниот лекар треба да му направи и проверка на шеќерот во крвта.

Матичните лекари за превентивни прегледи на нивните пациенти и сега добиваат пари од Фондот за здравство за таканаречените “цели”, но министерот за здравство вели дека тоа во пракса не функционира.

Здружението на матични лекари ја поздрави идејата на министертвото за можноста да пропишуваат повеќе лекови на хроничните пациенти за да не се малтретираат да одат кај специјалист, но бараат да имаат поголема квота и да потпишат нов анекс со поголем буџет.

Во следната фаза е планирано да може да се закажува и термин кај матичните лекари преку електронски пат, а нивните ординации да бидат соодветно опремени за да можат да изведуваат повеќе дијагностичќки процедури како што се ЕХО, доплер и спирометрија. 

https://sitel.com.mk/matichnite-lekari-dobivaat-povekje-nadlezhnosti-za-propishuvanje-lekovi-i-ispituvanja

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари