Соопштение за успешна соработка
Почитувани,
Ние како средно медицинско училиште од Гостивар би сакале доколку има можност преку вашата интернет страница да упатиме благодарност до приватните здравствени установи од Гостивар и околината кои соработуваат со нас за успешно реализирање на програмата за реформирано техничко образование од здравствена струка и како благодарност да ги објавиме имињата на ординациите со кои имаме склучено меморандуми за соработка.
Во прилог ви ја испраќаме листата на приватни здравствени ординации.
Однапред ви благодариме.
*Успешна соработка на СОМУ **“**гостивар**” **со пзу*
Ве известуваме дека согласно програмата за реформирано техничко образование
од здравствена струка и прирачникот за соработка на училиштата со компаниите, средното медицинско училиште во Гостивар остварува одлична соработка со здравствените установи за реализација на практична обука (феријална практика и учење преку работа кај работодавач).
Училиштето има склучено меморандуми за соработка со повеќе приватни
здравствени установи од Гостивар и околината. СОМУ “Гостивар” упатува голема благодарност кон сите приватни здравствени установи кои се вклучија во овој процес и во прилог ви ја доставуваме
листата на приватни здравствени установи со кои имаме потпишан меморандуми
за соработка.
СОМУ “Гостивар”- Гостивар
Директор: Елбаш Абази
Координатор за учење преку работа: Нада Софронијевиќ
e-mail: *nadasofronijevic@gmail.com <nadasofronijevic@gmail.com>*