Или медицинските апарати не работат или нема кој да ги ракува во делови од источна и централна Македонија

Пациентите од Велес и од Свети Николе за најобично носење на холтер, без кој речиси не може да се постави сериозна дијагноза мораат да патуваат дури за Скопје. Потоа со апаратчето и манжетната на рака ќе се вратат дома за утредента повторно да одат во главниот град. Малтретирање, нервози и саати изгубени по патиштата за едноставна дијагностика која ја нема во многу здравствени установи низ внатрешноста. Уште полошо е ако жители од источниот регион имаат потреба од компјутерска томограгија бидејќи овој апарат во штипската болница не е во функција. Во оваа установа повеќе од два месеци не работи и ангиографот неопходен за срцеви болни или откривање на запушени крвни садови.

– Она од терен што можеме да го кажеме е дека состојбата е очајна во нашето здравство. Пациенти тешко стигнуваат до дијагностика…Еве за комјутер долго време не работеше овој апарат во велешката болница, во Штип уште не работи и не може пациенти да дојдат до снимање а не секој има пари да оди на приватно, вели д-р Лили Чолакова, матичен лекар.

Доктор Чолакова вели дека пациентите ги губиме во нефункционален систем бидејќи не може да има рана дијагностика ако се шетаат болни од град до град и на крај не стигнале до дијагностичка процедура. Имале случај кога пациентка со мозочен удар – кога ја пратиле на снимање во штипската болница и кажале комјутерската томографија не работи а утредента ја повикале бидејќи била во функција.

– Мора овде Министерството за здравство да направи повеќе контроли зошто еднаш работат а еднаш не и секако да видат зошто има толку малку термини кај специјалисти, вели Чолакова.

Не е проблем само терминот за снимање на магнетна резонанца или комјутерска томографија. Пациенти меѓу кои и малигно болни со месеци чекаат некој да им ги прочита резултатите.

Министерството за здравство планира да ја среди оваа состојба со набавка на нови апарати кои очекуваат здравствените установи да ги добијат до крајот на годината. Но што дотогаш?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари