Измена во начин на упатување кон комисиите за остварување на право
Почитувани,
Во Националниот систем за електронски евиденции во областа на
здравството „ Мој термин “ е планирана измена во начинот на упатување кон
комисиите за остварување на некое одредено право.
Измената ќе се реализира од 01.11.2022 год. Специјалноста конзилијарен преглед се раздвојува на две специјалности: конзилијарен преглед – попреченост и конзилијарен преглед –
туѓа помош.
Специјалноста конзилијарен преглед – попреченост се користи за
упатување кон комисиите за „Конзилијарно мислење – мобилност“ ,
„Конзилијарно мислење – глувост“, „Конзилијарно мислење-слепило“ и
„Конзилијарно мислење – интелектуална попреченост“.
Специјалноста конзилијарен преглед – туѓа помош се користи за упатување кон „Стручна
комисија – нега и помош од друго лице “