Средба со Министерот за здравство

Делегација на Комората на приватно здравство предводена од претседателката Тања Дејаноска, a во придружба на потпретседателката за аптеки и веледрогерии Марија Фидановска, потпретседателката за матични лекари Лилија Чолакова Дервишова, како и Мевљудин Куч и Вера Димовска претставник на стоматолошките специјалистички ординации оствари ја средба со министерот за здравство Беким Сали. На состанокот кој помина во конструктивна атмосфера се дискутираше за потребата за решавање на триесетина приоритетни проблеми со кои се соочуваат приватните здравствени установи.

👉 Во однос на зголемувањето на капитацискиот бод министерот Сали ја потврди заложбата да биде направена корекцијата со која бодот за матичните лекари ќе биде 75 денари, а за стоматолозите 61 денар. За операционализација на зголемувањето на капитацискиот бод се чека одобрение од Министерство за финансии.

👉 Министерот Сали образложи и дека матичните лекари со навршени 64 години, може да го продолжат работниот ангажман, за што треба да поднесат барање до Министерство за здравство.

👉 Се дискутираше и за можните решенија за остварување на право на боледување и на право на годишен одмор за доктори – концесионери.

👉 Голема поддршка од министерот Сали доби иницијативата на КПЗ за борба против сивата економија, во делот на користење на нерегистрирани помагала, така и нелегалниот увоз на материјалите од страна на физички лица платформите за е-трговија.

👉 Како заеднички интерес се утврди и можноста за соработка на Комората и на Министерство за здравство на различни проекти кои ќе придонесат за создавање на подобро деловно окружување за развој на приватните здравствени установи и креирање на подостапни и поквалитетни здравствени услуги за пациентите.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари