Лекарска комора бара изземање на целите кај матичните лекари

Лекарската комора реагираше до надлежните институции во врска со дописот од Фондот за здравствено осигурување испратен до матичните лекари со кој ги информира дека од 01.07.2022 година продолжува спроведувањето на превентивни прегледи и мерки на матичните пациенти, што беше ставено во мирување поради кризната состојба во услови на постоење на пандемија од Ковид19. 

Со цел изнаоѓање на решение кое е прифатливо за сите засегнати страни и правно поткрепено, Лекарската комора континуирано остварува комуникација со Фондот за здравствено, а дописи за запознавање со фактичката состојба и барање за изземање се испратени и до кабинетот на Министерот за здравство д-р Беким Сали, Комисијата за заштита од заразни заболувања при Министерство за здравство, кабинетот на Премиер на Влада на РСМ, Димитар Ковачевски и до Главниот координативен кризен штаб на Владата на РСМ. 


„Во услови кога нема прогласено кризна состојба, а бројот на новоинфицирани со Ковид 19 е во растечки подем, се бара обврските по однос на исполнување на целите од страна на матичните доктори да се изземат. Имено, врз основа на добиените информации од ФЗОРСМ по однос на обврската на матичните лекари за исполнување на целите, се обраќаме со барање да се земе предвид состојбата со зголемениот број на новозаболени од Ковид 19 за кои докторите се обврзани да ги дијагностицираат и лекуваат, што всушност значи дека тековните активности за реализација на целите во вакви услови се многу усложнети и неспроведливи поради уште зголемениот ризик за ширење на ковид 19. (мешање на здрави пациенти кои се викани за исполнување на целите со пациенти заразени од Ковид 19)“, наведено е во дописот кој Лекарската комора го испрати до надлежните институции.

https://lkm.org.mk/mk/record/32/725/lekarska-komora-bara-izzemanje-na-celite-kaj-matichnite-lekari?fbclid=IwAR2FxYV8x7zR_1BMlW1zPi39DNPE-OtxKEE1d3VB9t29F3jqhS5DATiHkRM

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари