Информација од Претседателот на ЗПЛРМ

Почитувани колеги,

Како прво сакам да искажам голема благодарност за единството и високата свест која ја покажавме како приватни доктори. Со заменик Министерот се дискутираа повеќе теми:

1.Подобрување на финансиската состојба на сите приватни ординации кои се во договор со фондот.Од 2018 година нема никакво покачување.

2.Електронско здравство може веднаш да се воведе – упати и рецепти се гледаат во системот.Да растеретиме хартија.

3.Да се почне со исплаќање на капитација на три недели за да се изедначиме со исплатите месец за месец.

4.Казнена политика да се тргне за административни грешки – под итно да треба да има нов анекс на договор со фондот.

5.Режим на лекови да се смени под итно.Матичните доктори се стручни да препишат и Лосартан и Карведилол и Антилипемик и други лекови.Непотребно се издаваат еден тон упати,се замара секундарно здравство ,наместо со наука да се бават а тие пари од упатите да се пренаменат за покачување на бодот.

6.Мора да се направи нова методологија за плаќање во приватно здравство,доктори,стоматолози,лаборатории и приватни специјалисти за да можеме да ги следиме трошковите на животот.Мора да имаат докторите квалитетни плати,за медицинските сестри исто така,пзу то мора да има средства за плаќање на сите давачки и мора да има пари за одржување на истото.

7.Основен пакет на услуги- што за оваа капитација и воведување на партиципација за да може здравствениот кадар да дочека пензија.Во спротивно со енормен број на влезови до бесконечност сите сме во фаза на прегорување.

8.Побарав индустриска струја да се тргне од кај нас- бидејќи ние сме здравство.На колеги концесионери им стигнаа сметки по 43000 ден за струја. Заменик Министерот кажа да ќе се направат работни групи и побара време заедно со Министерот Беким Сали кој побара десет дена за да се направи јавна распава за законот за Здравстена заштите и нашето барање за пациенти на ПЗУ. За сигурност и просперитет на приватните ординации. Заменик Министерот кажа да може како Влада да понудат враќање во јавно здравство кој сака или да понудат фиксни плати за доктор и сестра во тие загрозени 500 ординации. Си дадовме рок две недели за да може заменикот Министер да види што конкретно можеме да поместиме.

Околу новата давачка од 1000 евра за акредитација на амбулантите веднаш реагирав до Заменик Министер и Директор на ДСЗИ и до Претседател на ЛКМ. Сите структури да реагираат сумата да се промени или имплементацијата да се одложи. За се ново ќе бидете известени!!!

Со почит Др Лили

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари