Запирање со пружање на услуги кај матичните лекари

Почитувани колеги, почитувани пациенти,

На ден 18.02.2022 година матичните доктори ќе изразат револт заради игнорантскиот однос на ФЗОМ. Нема да има пружање услуги преку Мој термин освен за итни пациенти. Сите ќе бидеме во нашите амбуланти со нашиот персонал.

Долго време никој не реагира на нашите апели да примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на гориво и храна.

Стратешки барања:

Пациенти на ПЗУ

Да нема оваква казнена политика за административни моменти

Основен пакет на услуги

Партиципација

Потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал. Ако си заминат сестрите од малите места нема да има тимови, ако нема тимови нема амбуланти. Тоа е на штета на народот!!! За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза!!!

Утре имам средба со заменик министерот Рендевски. Да се надеваме на реформи за добробит на сите!!!За нас и нашиот народ се работи!!!Ги повикуваме пациентите во текот на денов да си дојдат за хронична терапија.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари