„Предлогот на Владата е непристоен“ – Филипче: Никој не се јавил да го критикува стимулативниот бонус

30 денари од пациент за сите матични што ќе постигнат 70% вакцинација на пацинетите е новата мерка која треба да ги стимулира граѓаните да се вакцинираат. Само за потсетување  околу 40 % од населнието е вакцинирано, па Претседателката на Сојузот на матични не гледа логика како би го постигнале тоа, а воопшто и немаат намера да прават нешто што е противзаконско и противуставно.

„Апсолутно имаат право да поразговараат со пациентите. Мене не ми с ејави ни еден матичен лекар кој го критикуваше дополнителниот стимулативен бонус“, истакна Венко Филипче.

Има докторка која почина три дена по примена вакцина, пациенти со хашимото, срцеви заболувања, автоимуни заболувања или едноставно лошо се чусвтвуваат после примена прва доза и  кои не смеат да примаат вакцина. Здравјето на нашите пациенти и Хипократовата заклетва ни  се на прво место, така што предлогот на Владата е непристоен -вели Дервишова.

„Нашите пациенти две години слушаат корона и за вакцини така да доволно се информирани, доволно свесни, се консултираа изминатите две години, секој пациент со својот матичен лекар и нормално тие кои што сакаа и можеа се вакцинираа“, вели Лилија Чолакова Дервишова.

Од Сојузот на матични лекари прашуваат зошто тие мора секогаш да бидат условени за покачување на плата.

Коментари (1)

 

  1. […] Од Здружението на приватни матични лекари велат матичните лекари не прифаќаат ваков модел на стимулации во услови кога сите околни држави ги наградија лекарите од примарното здравство. Од Сојузот на матични лекари прашуваат зошто тие мора секогаш да бидат условени за покачување на плата. […]

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари