Известување за промена на е-маил адреса за електронско доставување на ПСР образец за продолжување на боледување – само за Скопје

Почитувани,
 
Отварање на ново боледување како и продолжување на боледување  по сите основи,  избраниот лекар  треба да го врши само врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице. При тоа почнувајќи од 28.07.2021 година (среда) потребната скенирана документација(ПСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо), која досега се доставуваше преку Подрачната служба Скопје, сега избраниот лекар треба да ја доставува директно  електронски на новиот е-маил boleduvanjask@fzo.org.mk кај одговорното лице на Лекарските комисии (ПЛК/ВЛК)  на Фондот.
 
Воедно ве информираме дека поради проблем со мејл комуникацијата на Фондот,  потребно е  избраните лекари повторно да ги проследат на новата е-маил адреса на Лекарските комиси сите барања за продолжување на боледување на осигурениците започнувајќи од  24.07.2021 година заклучно со 27.07.2021 година.
 
Со почит,

ФЗО

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари