Соопштенија за ЗУ и осигуреници од 23.02.2021

Почитувани,

На следниот линк можете да превземете дополнето Соопштение, со кое се направени измени во делот на важење на специјалистичките извештаи:

Важење на специјалистички извештај, отпусно писмо, конзилијарно мислење

Важењето на специјалистичките извештаи, отпусните писма и конзилијарните мислења (во понатамошниот текст: медицински извештаи) ќе се врши на следниот начин:

Продолжување на хронична терапија и издавање на ортопедски помагала:

Од 01.01.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со
датум не постар од 01.09.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за
да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват
соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.09.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

Од *01.02.2021 година *со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.10.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.10.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

Од *01.03.2021 година *со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од * 01.12.2019 година*. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро
од *01.12.2019 година* ќе биде потребно да се достави соодветен
специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на
горенаведените права.

Од *01.04.2021 година *со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

Напомена: Во постапката на пропишување лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО на рецепт од страна на избран лекар, негова замена или рурален лекар, а за кои е потребна претходна препорака од лекар специјалист/субспецијалист или конзилијарно мислење, а во врска со горе наведената важност на медицинските извештаи, потребно е од страна на лекарот да се внимава на следното:

  • При пропишување на лекови за акутна терапија и наркотика (опијати), „датумот на пропишување“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за Covid 19).

Пример: за лекови кои лекарот ги пропишува на рецепт во текот на * 03 месец 2021 година* (т.е. „датум на пропишување“ во тек на 03. месец 2021 година), датумот на медицинскиот извештај, врз основа на кои се пропишува лекот, не треба да е постар од 01.12.2019 година. Соодветно е и за другите месеци.

  • При пропишување на лекови за хронична терапија на рецепт „датумот на важност“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за Covid 19). На ова посебно треба да се внимава од страна на лекарот *при пропишување на наведените лекови на рецепти за лекување на хронични болести за повеќемесечна терапија*.

Пример: при пропишување на овие лекови на рецепт во 02 месец 2021 година, „датумот на пропишување“ ќе биде во 02 месец 2021 година, но ќе треба да се внимава на тоа колку рецепти ќе се издадат за дозволениот период од 180 дена, во зависност од датумот на медицинскиот извештај, каде е дадена препораката за лекот, и тоа:

  • доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од * 01.10.2019 година*, тогаш ќе може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на *02. месец 2021 година*,
  • доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од 01.12.2019 година тогаш може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на 02, 03 и 04 месец 2021 година.

Овие правила важат и ретроградно за рецептите пропишани од 01.02.2021 година.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари