Среќна Нова Година!

Почитувани колеги,


Помина уште една тешка и многу исцрпувачка година за нас.
За прв пат ФЗОМ не организира преговори со ЛКМ.Нема ни награда иако бевме цело време во првите борбени редови со короната. Анкетиравме по цел ден, менаџиравме по цел ден сместување на пациенти. Прегледуваваме од сите дијагнози, препракавме документи за на комиисии и боловања,термини за вакцини ,термини за тестирање и секаде во светот се заработува од давање на
совети по телефон -само кај нас некој сака да ги користи нашите човечки ресурси бесплатно цело време.


Но прашање е дали ние до 2026 година ќе работиме за 63 денари???
Бидејќи договорот ни е до тогаш.Или ќе го натераме ФЗОМ да дојде и да преговара за кои пари ќе ги добие нашите услуги за следната година.


Не натоварија како никогаш до сега ….Исчезна мирот во нашиот
живот.Исчезна времето за наука и учење нови вештини.А прашање е дали така треба да биде???


Од срце Ви посакувам добро здравје на сите ,на Вашите фамилии,да издржиме во следната година со новите предизвици и да се држиме единствено и сложно бидејќи дефинитивно никој не мисли на нас,но колачот примарно здравство очигледно некој сака да го земе.Но се додека сме бројни и единствени тоа нема да се случи!!!


Среќна Нова Година исполнета со добро здравје,среќа и успеси на сите
полиња!!!


Со почит Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари