Со олабавувањето на мерките за корона кризата и здравствениот систем да се враќа во нормала

Со олабавувањето на мерките за корона кризата време е и здравствениот систем да се враќа во нормала. Матичните лекари бараат  да се отворат операционите сали и да се примат и граѓаните кои имаат и други здравствени проблеми а кои не се поврзани со Ковид 19  и не спаѓаат во итните што ги посочи министерството.  Здружението на приватни лекари има и конкратен предлог до здравствените власти.

И нејзиниот колега од Дебар, Илбер Кокале кој го почувствува Kовид 19 на своја кожа бара од министерот, да се мобилизра здравството и да не се запоставуваат другите проблеми и дијагнози на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре со директорите на клиниките ќе договараат како постепено да се нормализира нивното работење  но со изменет начин на закажување преки системот мој термин.

-Ќе има нешто изменет терк на закажување преку ’Мој термин‘ каде ќе се измени времетраењето на прегледите за да се избегне метежот во амбулантите. Понатаму задолжително воведување на е-амбуланта каде тоа е возможно, како и соодветно закажување на снимања за да се избегнат гужвите на Институтот за рендген и на другите болници. Ова се поклопува со целосна реконструкција на улиците во Клиничкиот центар што се очекува целосно да заврши до крајот на неделата“,

Интервенциите кои беа откажани периодов на хронично болните пацинети ќе имаат приоритет вели Филипче а нормализирањето на работата на болниците постепено ќе почне од следната недела со утврдени протоколи.

Над 100 илјади граѓани останале без закажани термини, прегледи и интервенции  од почетокот корона вирусот ова произлегуива од податоците  од систмеот Мој Термина според кои од прогласувањето на вонредната состојба до денеска  имало речиси 149 илјади упати со термин а околу 43 илјади биле реализирани. Сепак периодов во бониците биле примени граѓани со упат без термин и итни случаи  во вкупна бројка од околу 170 илјади упати . 10 645 термини биле откажани од самите пацинети.

Мој Термин>

Број на упати со термин                                                        148.948

Број на реализирани упати со термин                                 43.175

Број на реализирани упати без термин                              94.494

Број на реализирани упати како Итен случај                    76.086

Број на откажани термини (од самите пациенти)             10.645

https://telma.com.mk/so-olabavuvaneto-na-merkite-za-korona-krizata-i-zdravstveniot-sistem-da-se-vraka-vo-normala/

Коментари (1)

 

  1. […] како еден од поважните сектори во изминатиов период настапија доста промени од аспект на закажување, времетраење на прегледи па […]

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари