Апел за помош за Доктор Виолета
Почитувани колеги,
замолувам во име на човечноста, хуманоста, единството, разумот-македонци, албанци, бошњаци, турци, роми, срби доктори-сите да уплатиме на жиро сметката на ЗПЛРМ пари со назнака за Др Виолета и здравствениот тим кој пружал здравствени услуги во изминатиот период -да не го оставиме без финансии за Нова Година.
Така да услугите кои не се платени од страна на ФЗОМ, ќе ги платиме всушност ние, но ДОКТОРКАТА нема да остане без пари баш за НОВА ГОДИНА. Медицината е хумана гранка и да ја покажеме хуманоста на ДЕЛО.
А пак ќе повторам да Законите постојат за луѓето а не луѓето за законите!!!!
Поздрав до сите што ќе читаат!!!
Др Лили