Соопштение од ФЗОМ

Во текот на месец ноември и почетокот на месец декември Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора остварија повеќе работни средби на кои беа разгледувани новите договори за 2020 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија), специјалистичко-консултативна здравствена заштита, како и плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.

На средбите со директорите на Фондот г-дин Данаил Дончев и г-дин Орхан Рамадани и преставниците на Комората, од Комората беа дадени повеќе забелешки и предлози со цел подобрување и корекции на Договорот со кој се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарна здравствена заштита.

Комората ги даде следните предлози:

Од страна на Фондот беше посочено дека со новиот договор ќе се регулираат само правата и обврските на договорните страни, согласно Законот за облигациони односи.

Фондот ги прифати следните забелешки:

По завршување на процесот на потпишување на новите договори ќе продолжи соработката на Фондот со Лекарската комора, со заедничка работа на содржините на правилниците со кои ќе се дефинира видот на пружањето на здравствените услуги, како и начинот на плаќањето во примарната здравствена заштита. Се предвидува во работата да се вклучат и преставници од Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со оглед што за некои од дадените иницијативи и предлози е потребно измена на законите и подзаконските акти.

Воедно укажуваме дека, подготовката на правилниците ќе започне во текот на  2020 година, по конечното имплементирање на сите процеси кои се предвидени со реформите во примарната здравствена заштита. Новите правилници и измените на истите ќе се носат по пат на дијалог и консензус  со Лекарската комора, ЗПЛРМ и Здружение на лекари албанци. До завршување на овој процес ќе важат постоечките правилници. 

Спроведувањето на реформите во примарната здравствена заштита од страна на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и стручната фела, е поддржано со препораки од Светската банка и Светската здравствена организација. Главна цел на реформите е да се воведе модел на плаќање во примарната здравствена заштита, кој ќе допринесе кон обезбедување на сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници, како и да се подобри квалитетот на примарната здравствена грижа.

Капитацијата и понатаму ќе се состои од фиксен и променлив дел.   

Унапредување на новиот модел е во променливиот дел на надоместокот за капитација преку:

Новиот модел би поттикнал и обезбедил:

Во системот „Мој термин“ е предвидено да се прикажуваат:

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари