Информација од ФЗОМ

Почитувани,

Во врска со известувањето за ослободување од партиципација 03-6199/1 од 22.04.2019 година со кое информиравме дека Фондот повеќе нема да издава известувања за ослободување од партиципација на определени категории на осигуреници наведени во известувањето, а со оглед на тоа дека произлегоа дополнителни прашања од истото, Ве известуваме за следното:

По однос на првото прашање од подолу наведениот е-маил, Ве известуваме дека доволна ќе биде потврдата од Центарот за социјална работа, за осигурените лица корисници на постојана парична помош, лица смесени установи за социјална заштита и во друго семејство, деца со посебни потреби, како доказ при ослободувањето од партиципацијата во соодветната здравствена установа.

За второто прашање дали може да се ослободат од партиципација воените инвалиди, корисници на семејна инвалиднина, врз основа на уверение кое го издава надлежните органи меѓу кои и МТСП укажуваме на тоа видот на документот го утврдува органот кој што ја води евиденцијата согласно позитивните законски прописи. Тоа значи дека ако органот за овие лица издава уверенија во кое е наведено дека лицето е ослободено од партиципација при користење на здравствени услуги наместо потврди тоа не претставува пречка за лицата да го остварат правото на ослободување од партиципација.

По однос на третото прашање за електронската евиденција на овие лица напоменуваме дека истата е во изработка и во овој преоден период здравствените установи се должни да прифаќаат писмените докази кои ги издаваат надлежните институции (во кои е наведено дека лицето е ослободено од партиципација) кои со закон се овластени да водат таков тип на евиденции и истите се надлежни да ги покриваат трошоците за лицата кои се ослободени од партиципација на здравствените установи.

Останува Фондот да ги издава известувањата само за осигурените лица кои доброволно дарувале орган или ткиво.

Со почит,

ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари