Одлука за протестен марш на белите мантили

Почитувани колеги,

на ден 24.03.2019 година Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе

              ОДЛУКА ЗА ПРОТЕСТЕН МАРШ НА БЕЛИТЕ МАНТИЛИ

Случајот со Др Виолета Петковска сеуште не е решен. До моментов нема пуштено капитација за месец декември. Колешката секојдневно лекува и спасува човечки животи. Во цел регион нема медицинска сестра. Од декември има поднесено известување до МЗ и толку месеци нема одговор. Зошто државата не и најде медицинска сестра како во Израел?

Дали треба фирми да се затвораат затоа што нема медицински сестри?

Дали треба некој да ги остави  матичните пациенти без матичен доктор заради немање на медицинска сестра?Па нели пациентот го бира докторот?

Нека се смени правилникот и да може тим да се прави и со администратор/Или за нас неможе ништо да се смени? А за сите други во државата може. За нас нема пари, нема покачување, нема партиципација, додека во јавно здравство се покачи партиципацијата.

Се отвораат нови министерства секој ден на товар на сите нас кои работиме да се вработуваат кадри партиски кои ништо не работат. Така ли ќе се грижиме и ќе правиме реформи за примарното здравство кое само ги понесе сите трошкови на електронско здравство?

Наместо да се соработува и да има работни групи за промена на режим на лекови – за да не се малтретираат пациенти-молк, наместо да седнеме и да направиме електронски рецепти и упати – работна група – молк од другата страна, наместо казни за доктори да има стимулации во примарно здравство и награди – молк од другата страна, наместо матичен доктор кога ќе биде болен да отиде на подолготрајно боледување и да си мисли на болеста, тој се секира од што ќе ја плати медицинската сестра и целокупните трошкови на фирмата ,бидејќи ФЗОМ парите ги префрла на замената и тоа само 70 %.

За сите овие наталожени проблеми, матичнот доктор смета дека е доста со нашето игнорирање во друштвото.

Доктор е доктор и така треба да биде третиран во едно друштво, да биде ценет а не потценет. Така во Европа не се оди мили мои!

ЛКМ е запознаена со нашите проблеми и ни дава поддршка за нашите барања.

Доста е игнорирање, доста е плаќање на здравствени установи кои работат со загуба а неплаќање услуги на доктори кои работат рентабилно!

Доста е !!!!

Со почит

Претседател на ЗПЛРМ

Др Лилија Чолакова Дервишова     

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари