Матичните лекари најавуваат протестен марш поради игнорирањето од здравствените власти

Над 1000 матични лекари ќе протестираат низ улиците во Скопје доколку не бидат исполнети нивните барања. Ваква одлука донел Управниот одбор на здружението на приватни лекари поради игнорирањето на проблемите со кои се соочуваат од страна на здравствените власти. Од ЗПЛРМ велат дека чашата ја прелеа случајот со доктор Виолета од Виница која остана без пари од Фондот по заминување на медицинската сестра. Не може да добие финансии бидејќи тоа било спротивно на законот со што и се заканува клуч на врата.

-Има стотина вработени кои не прават ништо и не се занимаваат со нашите проблеми а земаат плата, а ние не добиваме пари. Ако не им се работи нека си поднесат оставки. Лаже министерот дека има 1000 сестри во Агенција за вработување, тие се запишани таму ама се надвор од државата, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Чолакова вели дека голем број матични се револтирани бидејќи не добиваат зголемување на капитацијата а многу нивни колеги спасот го гледаат во странство. Тие добија поддршка и од Лекарската Комора кои на денешниот извршен одбор расправале за состојбата со матичните. Од Комората доставиле ургентно барање до Фондот да го решат случајот со ординацијата во Виница а долгорочно да најдат и системско решение.

-Во петок има Управен на Фондот и јас се надевам дека ќе најдат решение бидјеќи денес е Виолета а утре може да биде било кој. Проблемот со оваа докторка е од минатата година, неможе да најде медицинска сестра, но тоа не значи дека треба да остане на улица, вели др. Калина Старделова Гривчева претседател на ЛКМ

Според податоците од Лекарска комора, за една до две години голем број ординации на матични ќе останат без медицински сестри кои ќе заминат во пензија. Дотогаш очекуваат решение од здравствените власти за лекарите да не останат на улица.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари