Матичните лекари со ултиматум до здравствените власти – или решение или протест

Итни решенија или протестен марш. Матичните лекари со ултиматум до здравствените власти. Бараат да се најде решение за проблемот со докторката Виолета Петковска од Виница, на која Фондот престанал да и дава пари поради тоа што со месеци не може да најде медицинска сестра за да го комплетира тимот. На докторката сега и се заканува и затворање на ординацијата во која се лекуваат околу 800 пациенти. Од здружението на приватни матични лекари се разочарани игнорантскиот однос на здравствените власти.

„Ние се соочуваме со еден проблем на Виолета кој што утре ќе се случи во Гевгелија, ќе се случи и во Дојран и во Велес, па и во Скопје, бидејќи нема медицински сестри, не е точно тоа дека има 1 000 медицински сестри, како што ја даде изјавата министерот, може постојат во бирото, но тие не се тука, сите се пријавуваат и си одат од државата. Чашата е прелиена, мора да се организира протестен марш на белите мантили во примарното и во секундарното приватно здравство.“ – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова – претседателка на ЗПМЛ.

Поддршка матичните доктори добија и од лекарската комора. Проблемот на д-р Виолета наскоро ќе стане проблем и на многу други доктори. Од комората испратиле ургентно барање до Фондот за здравство со неколку предлози за времено решение, но велат потребни се системски решенија од страна на државата.

„Не е тоа само проблем на доктори веќе се јавува проблем и кај стоматолози, дали ќе се ограничи, како тие тоа ќе го решат, имаме неколку можни солуции во нашата желба да помогнеме да се реши, дали да се ограничи на број на пациенти, дали да делат сестра двајца доктори, решение мора да се најде, не е решение да се затвори ординацијата затоа што нема медицинска сестра, тоа е најлошо можно решение“ – вели д-р Калина Старделова Гривчева – Претседателка на Лекарска Комора.

Претходно од Фондот за здравство рекоа дека според актуелните закони за да функционира ординацијата потребен е тим од лекар и медицинска сестра, но хроничниот недостаток од овој кадар го наметнува прашањето за иднината на ординациите. За година до две, голем број на матични лекари ќе останат без медицински сестри, бидејќи поголемиот дел ќе заминат во пензија. Лекарите предупредуваат дека, ако не се најде системско решение, наскоро многу матични доктори ќе бидат приморани да ги затворат своите ординации.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари