„И јас сум д-р Виолета“ – матичните доктори бараат решенија за спас на нивните ординации

Докторката Виолета Петковска од Виница престанала да добива капитација од Фондот за здравство, бидејќи останала медицинска сестра. Сестрата со која што работела си заминала. Докторката објавила неколку огласи за ангажман на нова, но никој не се пријавил. Ако не успее да најде сестра, докторката може да биде приморана и да ја затвори ординацијата.  

„Ние сега се наоѓаме во ситуацја каде што немаме медицински кадар, а сме условени да имаме тим или ќе ни се укине капитацијата што и веќе се случува. Во Виница нема ни под заводот за вработување медицински сестри, така што ние се доведуваме и во ситуација со колегите да си ги преземаме медицинските сестри со цел да им дадеме поголема плата и за да се комплетира тимот, за да не се соочуваме со последици какви што ги имаме сега“. – вели д-р Виолета Петковска – Здравствен дом Виница.

Кај д-р Петковска се лекуваат 750 пациенти од овој град и околината. Од подрачните служби на Фондот за здравство велат дека имаат врзани раце, бидејќи законот предвидува ординацијата да биде составена од тим од лекар и медицинска сестра. Прашањето за измена на закони велат дека не е во нивна надлежност. Но, лекарите велат тешко е да се најде ваков кадар за плата од 15.000 денари. Сличен проблем имаат и ординации во другите градови.

„Ако не во можност да најдеме кадар, да ни се овозмоѓи да го решиме проблемот , да ни се дозволи вработување на немедицинско лице кое би ги обавувало админстративните работи, а ние како лекари во својата докторска работа да ја извршуваме и работата на медицинските сестри согласно законите“. – вели др. Петковска.

Во Здравствениот дом во Виница каде работи и д-р Петковска има само тројца специјалисти, кои се веќе пред пензија. Цела општина ја покриваат десетина доктори и неколкумина кои имаат свои приватни ординации. Од здружението на приватни матични лекари бараат државата да се заангажира за решавање на ваквите проблеми и да понуди алтернативни решенија.

„Зошто никој не реагирал од страна на Министерството за здравство, зошто никој не реагирал од страна на Фондот за здравство…Бројни контроли на Фондот, голем број на луѓе се вработени таму? Зошто никој до сега не реагирал и да рече не пишувајте, не прегледувајте или да и се одземе факсимилот. Што да правиме да се затвораат ординации ако немаат медицински сестри или зошто државата не понуди алтернативно решение, нека и вработат адмнистратор.“ – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова – Претседател на ЗПМЛ.

Од министерството за здравство денеска не добивме одговор дали и што планираат да преземат за решавање на овие состојби. Неодамна здравствените власти соопштија дека во земјава недостасуваат 600 лекари, а според проценките само на истокот од државата му недостасуваат околу 200 лекари. Поддршка на докторката Петковска од Виница денеска дадоа и нејзините колеги, кои во повеќе градови низ земјава излегоа пред подрачните служби на ФЗОМ со транспарент „И јас сум д-р Виолета“.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари