И јас сум Виолета!

Почитувани колеги,


Чувствувам потреба да Ве информирам сите за проблемот на една наша колешка од Виница.

Имено, колешката шест месеци работи сама без медицинска сестра и не може да најде и покрај бројните огласи кои ги има објавено. Анекс на договор и се склучи едвај бидејќи немаше тим. Информирани за проблемот се и МЗ и ФЗОМ но ништо не се направи за да не дојде до ситуација до која е дојдена сега. Не и се пушти капитација за месец Декември, а колешката си работи сеуште во амбулантата, си препишува лекови, се запишуваат нови пациенти, никој не се жали на нејзиното работење, напротив сите се задоволни.

Замена е на друга колешка , ги прифаќа и нејзините пациенти едноставно, се функционира, само наградата од Државата ја нема. И парадоксот да е поголем, кога недостигаат доктори во источна Македонија ние на доктор кој е во мрежа на здравствени установи не му ја пуштаме  капитацијата. Но затоа пак, администрацијата на МЗ која три месеци не и одговорила редовно зема плата месец за месец.


Кој е носител на дејноста , докторот или медицинската сестра? Се разбира докторот па како  ако нема медицинска сестра фирми ли ќе затвораат? Овој проблем од колешката може да биде на секој од нас и не e дозволиво некој да ни затвора фирми  кои плаќаат редовно данок, фирмарини, кои сами си купија компјутери, принтери , токени фискални каси и ги поддржаа сите реформи на сите Влади со сопствени средства , да имаат ваков третман.

Матичните доктори немаат лепра, па ништо да не се прифаќа што бараат, кое  е здраворазумски, логично и за напредок на примарното здравство.Не може да не се промени ниеден закон и правилник за да имаме понормални услови за работа без стресови. Сите матични доктори го одржуваат примарното здравство кое беспрекорно функционира но во никој случај не смееме да дозволиме матичен доктор да остане на улица после 21 година работење заради тоа што не може да се најде медицинска сестра за тим. Тоа никаде го нема.


Во знак на поддршка на колешката од Виница Ве замолувам сите утре среда во 12 и 30 часот да излеземе пред подрачните единици на ФЗОМ да кажеме дека и ние сме Виолета и дека ова на секој од нас може да му се случи и да мора да и се пушти капитација на колешката за да продолжи да работи.

Закони и правилници се менуваат и ништо не е поважно од опстанокот на матичниот доктор. Сведоци сме дека во изминативе години се сменија илјадници закони за сите области само за нас никој не сака ништо да смени, ни пацинти и лиценца на ПЗУ, ни времен доктор, ни режим на лекови, ни партиципација за да се стави рационалност во трошењето на времето на матичниот доктор и да се заштити од бесконечен број на влезови. Ни капитационен бод да се помести за нас, едноставно едно големо Ништо.

Но затоа пак, целокупната администрација на ФЗОМ И МЗ зема навремено плата секој месец а кај нас 26 години земаме со каснење од три или два месеци. Имаше периоди на почеток на приватното здравство кога се каснеше и по четири месеци.


За подобро утре на примарното здравство сите да застанеме еден до еден и да се бориме за нашиот опстанок.Со почит до сите Вас.


И јас сум Виолета!!!
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари