Известување од ФЗОМ

Почитувани,

Лекот со генеричко име amilase+lipase+protease/pankreatin се наоѓа на Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО (Листа А-за примарна здравствена заштита), објавена во Сл.весник бр.17 од 05.02.2015 година и на web-страната на ФЗО (www.fzo.org.mk), со ATC код-A09AA02, во фармацевтска дозажна форма-капсули, со јачина ЈП (јачина на лекот во промет во РМ (лекови во промет согласно Законот за лекови и медицински средства)) и режим на пропишување-RS-по препорака на лекар специјалист интернист, хирург, болнички педијатар/RSS-по препорака на лекар субспецијалист гастроентерохепатолог. За овој лек на Листата на лекови се наведени и индикации за кои овој лек паѓа на товар на ФЗО и тоа: докажана инсуфициенција на панкреас.

Лековите Amilase+lipase+protease/pankreatin капсули 8.000E+10.000E+600E (150mg) и Amilase+lipase+protease/pankreatin капсули 18.000E+25.000E+1.000E (300mg) се опфатени со Одлуката за утврдување на скапи лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО што се издаваат на рецепт во примарната здравствена заштита.

Согласно прописите наведениот лек за кој има утврдено референтни цени од страна на ФЗО, доколку се исполнети сите услови, може да се издава во ПЗУ аптека со договор со ФЗО, врз основа на пропишан рецептен образец во кој во содветниот дел треба да биде наведен бројот на факсимилот на лекарот специјалист/субспецијалист кој ја дал препораката за терапија на осигуреното лице со овој лек и врз основа на приложена копија од извештај од специјалист/субспецијалист. За овој лек не треба да се бара приложување на копија од конзилијарно мислење, доколку на осигуреното лице препораката за терапија со овој лек не му е дадена на тој начин.

За горенаведеното потребно е да ги известите ПЗУ аптеките на територијата на Вашата Подрачна служба.

Ви благодариме на соработката.

Со почит,

ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари