Новите правила на „Мој термин“ го крахираа здравствениот систем, лекарите бараат повлекување на одлуката

Крахирање на здравствениот систем со новиот начин на издавање на упати преку Мој термин. Новината која стартуваше од денеска предизвика револт и кај лекарите и кај пациентите. Матичните обвинуваат дека не можат да функционираат и од изутрина многу пациенти останале без здравствена услуга.

Болни со саати чекаат во ординациите за на крај приватно да платат за лабораториски анализи. Хаос е и во клиниките каде специјалисти ги враќаат пациентите бидејќи не можат да им креираат упати за дополнителни дијагностички процедури.

-Од сабајле звонат матични лекари од државата, не можат да функционираат, не можат да искреираат упат за лабораторија, за боледување за еден ден, пациентите нервозни и на крај револтот го исфрлаат врз нас лекарите, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПРЛМ.

Пациентите реагираат дека поради новото системско решение не можат да добијат соодветен лекарски преглед.

-Имаат некој нов начин на упатување и чекам саат и половина и незнам, не можат да креираат упат и сега имам за лабораторија ама не е целосен, реагира пациент.

Лекарите реагираат зошто надлежните не ги консултирале и не направиле прво пробно тестирање за креирањето на новите упати. Бараат од Мој термин да работат и трета смена ако треба и да ги решат сите технички пречки кои денеска направиле хаос во здравството.

-Ако треба нека си работат и ноќе и нека решат се, за од утре во 07.00 часот матичните лекари да функционираат беа проблем, без стресови и нервозни пациенти, вели Чолакова.

Во меѓувреме, од Мој термин одговараат дека решението било функционално  но лекарите не биле доволно информирани за новините во софтверските решенија што ги користат. Но нема одговор кој треба да ги запознае здравствените работници за новите промени во системот.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари