Среќна Нова 2019!

Почитувани колеги доктори и здравствени соработници,

Помина цела 2018 година со многу турбуленции, многу средби, многу состаноци, но без круцијални реформи во нашето примарно здравство кое е столб на здравствениот сектор.

Имавме многу разумни барања за нашето здравство да стане европско, комплетно електронско, но ништо и од тоа. Претставниците од Светска Банка и Светска здравствена организација ни дадоа целосна поддршка во нашите барања и кажаа дека тоа се решенијата за подобро здравство, но не се промени ни еден закон во наш интерес.

Ни останаа непоместени нашите барања за комплетно електронско здравство и да ја исфрлиме хартијата.

Сеуште не успеавме како фела да се избориме да земаме паричен надомест заедно со колегите од јавно здравство во исти ден, 26 години останавме назад со каснење од два до три месеци наназад. Така да секоја година ја завршуваме со исплата на капитација за месец Септември. Остануваат неплатени Октомври, Ноември и Декември. Би биле пресреќни кога некој нас на време би ни ги плаќал нашите прегледи и нашиот труд.

Казнената политика во приватниот сектор мора да биде на просечна плата а не на цел буџет, така ќе имаме развој на приватното здравство.

Мора да се сменат закони во кои ќе можат докторите да се групираат и заеднички да одат напред и да инвестираат во апаратура за побрза дијагноза на болести кај нашите пациенти. Поволни кредити за развој на здравството. Недостига Национална стратегија во која проектите ќе се реализираат до крај и во интерес на народот а не додека трае некој Министер.

Недостигаат закони во кои докторската фела ќе може слободно да се движи во хоризонтала и по вертикала се во интерес на побрза дијагноза и позадоволни доктори и пациенти.

Закон за докторска дејност никако да се донесе, а закон за права на пациенти постои веќе со години.

И покрај тоа што имаме Закон за здравствена заштита во кој се вели дека пациентот бира матичен доктор, од друга страна имаме правилници кои велат дека ако нема медицински сестри во тимот докторот нема да добива капитација. Се апсурд до апсурд. А носител на дејноста е доктор а не медицинската сестра….

И се додека државата повеќе се грижи дали пратеник ќе остане без работа а не се грижи што доктори ќе останат без работа – дефинитивно недостига свест за да се знае што е приоритет во една држава за народот. Без доктори и медицински сестри кои би го лекувале народот и превенирале голем број на болести не може да имаме здрава држава.

Посакувам следната 2019 година сите да сте здрави, среќни и успешни на сите полиња од животот!!!

Само со единство на лекарската фела ќе промениме многу нешта на подобро и никако поинаку.

Со почит

Претседател на ЗПЛРМ

Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари